Published: Sunday, December 1, 2013 12:29
Случаен минувач бил ранет синоќа околу 1 часот во пукање што се случило во центарот на Скопје на улицата кајшто се наоѓа кафе барот „Тренд“, потврдуваат од МВР, јавуваат македонските медиуми.
Според првичните информации, настанала тепачка меѓу две групи, при што еден од учесниците извадил пиштол и пукал.
Нема приведени за инцидентот.




