Поранешниот претседател на Иран, Акбар Хашеми Рафсанџани изјавил дека сириjската влада го извеле нападот со хемиско оружје на сопствениот народ. Оваа изјава драстично се разликува од изјавите на иранските функционери кои тврдеа дека нападот на 21 август го извршиле сиријските бунтовници.
-Народот беше мета на нападот со хемиски оружје од сопствената влада и сега народот треба да очекува напад од странство. Сега САД и зпадните земји повикуваат на војна против Сирија, господ нека му е на помош на народот на Сирија, изјавил Рафсанџани јавува Ројтерс.
Тој нагласил дека народот на Сирија многу страдал во изминатите две години, затворите биле преполни, убиени се повеќе од 100 000 луѓе, а милион се раселени.
Техеран е голем сојузник на Сирија, а Расфанџани важи за близок пријател на иранскиот претседател Хасан Рухан.
Изјавата на Расфанџани доаѓа по денешното тврдење на Џон Кери дека САД имаат докази за употреба на отровен гас во Сирија.