Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рашковски се извини за вокабуларот во аудио снимката, за тендерот ќе чека одлука од Судот

0
By Соња Петрушевска on July 2, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тендерот и изборот на фирмата за изградба на АТМ системот за модернизација на македонската воздухополовна навигација се спроведени во времето на ВМРО ДПМНЕ – рече Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски на прес конференција на која зборуваше за аудио снимката која се појави во јавноста, а во која се слуша како тој договора пролонгирање на роковите за да се потпише договорот со  италијанската фирма „Леонардо“.

Италијанската фирма била избрана од страна на Живко Поповски – поранешниот директор на М-НАВ и татко на екс министерот за надворешни работи Никола Поповски, но рокот за реализација и потпишување на договорот  бил шест пати одложуван .

„ Ваквиот долг период на доцнење на ваков круцијален прокет е апсолутно недозволиво и затоа добив задолжение од Владата да направам неколку состаноци за овој проект да се реализира“ рече Рашковски.

Аудио снимката која е објавена во јавноста а на која се слуша како Рашковски зборува за тендерот била снимена во септември минатата година а на тој состанок биле присутни и претставници на Министерството за транспорт, претставници на италијанскта фирма „Леонардо“ и сега веќе поранешниот технички директор на М-НАВ (македонска навигација) Климент Чепуњоски.

Состанокот се одржува откако Владата во април лани донела одлука за „ретендирање„ што според Рашковски значело да се провери дали предвидената сума од 1,8 милиони евра за изградба на кула, а била дел од тендерот, е реална или прескапа.  Наводите на опозицијата дека тој спротивно на одлуката на Владата за ревизија на целиот тендер, инсистирал да се потпише договорот со италијанската фирма ги нарече „непознавање на работите“.  Откако Бирото за судски вештачење утврдило дека понудената цена од италијанската фирма за изградба на кулата е реална, Рашковски започнал серија состаноци за да се реализира понудата.

Тој најави дека ќе поднесе кривични пријави за сите кои го обвинуваат дека незаконски договорал тендери и дека до Јваното обвинителство ќе ги достави сите одлуки кои биле донесени на Влада, а со кој токму тој се задолжува да утврди зошто толку години не се потпишувал договорот.

Договорот со италијанската фирма е склучен на 14 декември 2018 година, но постапката за изградба и инсталирање на овој систем се уште не започната.  Рокот што си го дала самата Влада за реализација на проектот е октомври 2019 година.

Во меѓувреме, ЕБОР- Европската банка за обнова и развој која го дава заемот за кредит поради пролонгирањето на целата постапка,  ја продолжила банкарската гаранција до 2020 година. Рашковски рече дека  од ЕБОР засега се префрлени 10 проценти од целата сума – 7,7 милиони евра  на сметката на „Леонардо“.

Рашковски се извини за навредите кон Италијанците и Ромите

„Се извинувам до небо на Италија и ромската заедница“ кажа Генералниот секретар Рашковски, за навредите кои се слушаат на аудио снимката а кој тој ги изрекува за Италијанците и за Ромите.

„ До небо се извинувам на сите кои се нашле повредени во оваа верзија од разговорите, се извинувам и до Италија, ромската заедница, каде имам мал милион пријатели“, рече Рашковски.

На прес конференцијата, новинарите неколкупати го прашаа Рашковски дали чувствува морална одговорност и дали ќе поднесе оставка поради изречените навреди, но тој одби да одговори на овие прашања.

„Не мислам да поднесам оставка. Ова е една верзија на разговорот, ќе почекате, кога ќе стигне официјалната пресуда од страна на судските органи, тогаш ќе седнеме и пак ќе разговараме“ одговори Рашковски.

Инцидентот со радарите ќе го истражува Обвинителството 

Аудио снимката објавена во јавноста  отвори многу прашања и за безбедноста на авиосообраќајот. За инцидентот што се случил ноќта меѓу 19-ти и 20-ти септември 2018 година, кога Контролата на летање останала без радарска слика, Владата расправала дури минатата недела на затворена седница.

На прашање на НОВА, зошто се чекало толку време  Рашковски рече дека се чекал Извештајот на Комитетот за утврдување на воздухопловни несреќи кој правале вештачење и испитувале сведоци.

„Има безбедносни протоколи кои доаѓаат од Еуроконтрол, од Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба кои пропишуваат кои информации можат да  се објават во јавност. Кога ќе се види дека има моменти за сторено кривично дело, тогаш станува збор за класифицирани информации“ рече Рашковски.

Инцидентот е пријавен во Обвинителството и отакко ќе се донесе одлука ќе и биде соопштена на јавноста рече Рашковски.

На прашањето дали може ваков инцидент може да се повтори Рашковски кажа дека тоа е „теорија на веројатност“.

Рашковски потврди дека поради инцидентот кој се случил ноќта меѓу 19 и 20 септември лани, во март бил разрешен е Климент Чепуњовски директорот на М-НАВ.

 

 

 

 

 

авиосообраќај безбедност италијанска фирма Леонардо Рашковски тендер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.