Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рашковски за доказите на обвинителката во „Софтвери“ вели дека се приказна и го бара УСБ -то од МВР

0
By Соња Крамарска on March 24, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
фото: архива од рочиште
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првообвинетиот во случајот „Софтвери“ Драги Рашковски тврди дека доказите на Обвинителството за организиран криминал се стекнати на незаконски начин, и побара обвинителката Ивана Трајчева да достави УСБ од вештачењето на телефоните во МВР, односно од вибер комуникацијата на обвинетите која таа ја презентираше во судницата.

-Не би било фер ако не го кажам тоа што го мислам, но ако е изведување материјални докази, тогаш ве молам ставете УСБ во комјутерот, рече Рашковски пред судечкиот совет и побара за да се утврди автентичноста на документот да се види кој го креирал и кога бил креиран.

-Во спротивно, ова е напишана приказна во ворд документ, јас знам како пишувала обвинителката во 2009 година, додаде Рашковски.

Обвинителката, пак, објасни дека доказите што се презентираат, односно пораките се содржани во извештајот на Истражниот центар во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а дека УСБ е доставено до Судот, и дека со оглед на тоа што имало и приватни разговори биле избрани само тие што се потребни во доказната постапка.

По ова, продолжи презентацијата на вибер комуникацијата во која има пораки и од Даниел Станчев, сопственик на Инвока Груп и Игор Христов, хонорарец во Владата со кого Станчев разговара дека бил распишан тендер за софтверот за определување просечна брзина на возила во сообраќајот. Од пораките на обвинетите се дозна дека на тендерот освен компанијата „Инвока“, конкурирале и други две фирми. (С.М.)

 

Рашковски случај „Софтвери“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.