Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Распаднати и валкани амбуланти во Клинички, услови како во новелата „Павиљон 6“ од Чехов

0
By Менче Атанасова Точи on November 28, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стари, валкани и распаднати прозорци,  неисчистени со години, со ѓубре на нив, sидови кои се распаѓаат, не варосани со децении, уништен  под кој никој не го чисти бидејќи е на сите клиники и „не е на никого“. Вака изгледаат Интерните клиники во делот каде што се сместени амбулантите на некои од нив.

Од тука, по овие ходници треба да поминете брзо бидејќи воздухот е застојан, полн со прашина, не се дише. Во ваква Јавна здравствена установа од највисок вид се лекуваат граѓаните од цела држава.

„Сте ја читале ли новелата „Павиљон број 6“ од Антон Чехов?“, ме праша една докторка кога поминував од тука. Тоа е еден од најубавите и најмаркантните раскази во кој е преставена суровата реалност и бесмислата, безидејноста  на животот, опишани преку еден лекар кој работи во болница, во Павиљон 6. Условите во павиљонот се под сите норми, исчадени тавани, сиви и валкани зидови, каде мириса на амоњак и расолница, а односот на претпоставените е крајно индиференетен, ист како што со текот на времето станува и на лекарот.

Споредбата со овој расказ можеби изгледа малку претерана, но се совпаѓа не е само во изгледот на просторот, туку и со безидејноста и индиферентиот однос на дел од лекари кои работат во вакви услови.

Овие фотографии покажуваат дека малку треба за да се реновира просторот бидејќи е потенцијален извор на зарази, да се среди до некаде додека за 10. тина години биде изграден новиот Клинички центар.

Во кругот на Клиничкиот центар ја забележавме екипата од приватната фирма како го собира ѓубрето, како чистат.  Тие ја одржуваат хигиената само надворешно.

Тие ја одржуваат хигиената само надворешно, во кругот на Клиничкиот центар.

Но,евидентиравме и купишта ѓубре истурено и оставено веројатно од вработени од некакво  внатрешно реновирање и стои така пред влезот на една од клиниките.

Во Универзитетскиот Клиничкиот центар има голема фреквенција на луѓе од цела држава кои бараат помош тука, со голема доверба кон стручниот кадар, како терцијално здравство од највисоко ниво во државата. Грижата за неговото одржување е неопходна и многу важна за сите нас, а посебно за болните кои лесно можат да бидат мета на разни бактерии кои виреат во вакви услови. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.