Претседателот на Собранието, Талат Џафери, попладнево ги потпишал решенијата за распишување на шестите претседателски избори.

Покрај претседателските избори на 21 април годинава, во Охрид и Ново Село и Дебар ќе се одржат и предвремени градоначалнички избори.

Решението за распишување на избрите ќе биде доставено до ДИК како орган за спроведување на изборите.

-Во периодот кој доаѓа, Македонија ќе го полага тестот на капацитет и зрелост. Фер и демократски избори се еден од условите по кои ќе не вреднуваат и оценуваат – истакна Џафери.