Published: Thursday, March 3, 2016 16:14
Основното јавно обвинителство информира дека утрово спровело акција во општина Струмица во рамки на предистражна постапка поврзана со кривични дела против гласањето и изборите.
Обвинител за гонење на организиран криминал и корупција при ОЈО е и Јован Илиевски, баџанак на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков,
Од обвинителството соопштуваат дека се прибирале материјални докази неопходни за утврдување на фактичката состојба при спроведување на Претседателските и Парламентарните избори во 2014 годинаа.
Биле одземени два општински компјутери и на разговор биле повикани повеќе лица, претежно гласачи, а како што јавуваат некои од медиумите, меѓу повиканите се и вработени во општината и други членови и регионални функционери на СДСМ.




