Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Раст на бројот на заболени од Ковид-19 во Белгија, според експертите нема причина за паника

0
By Blerina Tahiri on September 1, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на заразени со Ковид-19 во Белгија бележи раст во последниве недели, но според вирологот на белгискиот Национален здравствен институт „Сајнсано“, Стивен Ван Гухт, засега нема причина за паника.

Како што објави „Брисел Тајмс“, анализите во последните недели утврдиле зголемување на концентрацијата на вирусот во отпадните води, што се смета за релевантен показател за зголемен број инфекции меѓу граѓаните.

– Зголемувањето започна на почетокот на август, иако вообичано порастот започнува во септември. Немаме добро објаснување за тоа. Ако се погледнат апсолутните вредности, бројките засега се уште ниски – особено во споредба со претходниот бран, изјави Ван Гухт за Фламанското радио, посочувајќи дека тоа не е случај само во Белгија, туку и во други земји.

Како и во претходните години, експертот предвидува пораст на бројот на инфекции во октомври и ноември.

– Училиштата повторно проработуваат, а луѓето остануваат многу повеќе во затворени простории. Како што знаеме тие работи имаат влијание врз вирусот, вели Ван Гухт.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, во Белгија во овој период циркулираат пет до шест варијанти на Ковид-19.

Од 26 април годинава, лицата во Белгија кои се позитивни на корона вирусот повеќе не се обврзани да одат во карантин. Според Ван Гухт, карантинот како мерка веројатно нема повторно да се воведе.

– Никогаш не вели никогаш, но враќањето на ригорозните мерки би ме изненадило. Треба да престанеме да размислуваме за тие термини. Тоа беше во периодот на пандемијата. Сега сме во следната фаза, изјави Ван Гухт.

Сепак, според него, препорачливо е оние лица кои ќе ги почувствуваат симптомите на Ковид-19 да останат дома.

– Тоа важи за секоја болест. Се разбира, носењето маски, миењето на рацете и тестирањата треба да останат добра практика, посочува белгискиот виролог.

Кон средината на септември во Белгија ќе започне кампањата за вакцинација против Ковид-19, но според Ван Гухт, младите и здравите лица немаат потреба од ново вакцинирање, туку тоа првенствено се препорачува на луѓе постари од 65 години и на хронично болите.

– Потребно е да се стекне што е можно поголем имунитет пред зимата и сезоната на респираторни вируси, заклучи Ван Гухт.

Белгија Ковид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.