Продолжува трендот на пораст на бруто надворешниот долг. Според податоците од Народната банка, надворешната задолженост на земјава во првата половина од годинава надмина 5,7 милијарди евра или 71,66% од бруто домашниот призвод.
Од вкупниот надворешен долг, 1,6 милијарди евра се долгови на државата, околу 1,9 милијарди евра се долгови на останати сектори, во кои спаѓа и приватниот сектор, а 378 милиони евра се долгови на Народната банка.
Според податоците на НБРМ, јавниот долг заклучно со вториот квартал изнесува 2,5 милијарди евра.
За три месеци или во вториот квартал во споредба со првиот, бруто надворешниот долг е зголемен за 113 милиони евра.