Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ратификацијата може да помине и со помалку од 151 глас-колку засега има Ципрас

0
By Нова ТВ on January 18, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 18, 2019 09:21

Гласањето за ратификација на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент би можело да се случи во текот на следната седмица, јави МИА од Атина.

Се работи за процедура според која, Договорот, прво ќе треба да мине низ надлежните комисии во Парламентот, потоа ќе биде ставен на пленарна седница, по што ќе следи гласањето. Дали за него ќе расправа една или повеќе комисии, дали ќе има една, две или повеќе седници, ќе одлучи претседателот на Парламентот, заедно со неговите потпретседатели, на состанок за кој како што неофицијално дознава МИА е планиран за понеделник.

Официјална Атина во изминатиот период говореше за двојно мнозинство во Парламентот и за доверба за Владата и за Договорот.

Ратификацијата, законски, може да помине и со помалку од 151 глас, потребно е да има мнозинство од присутните пратеници на гласањето, меѓутоа целта на грчката Влада е Договорот од Преспа да се изгласа со апсолутно мнозинство.

Претседателот на грчкиот Парламент пред два дена рече дека „Договорот треба да биде изгласан од 151 пратеник за да има силна моќ, како во внатрешноста на земјата, така и во меѓународните организации“.

Според досега изразените позиции на грчките пратеници, како во овој момент стои распоредот на силите во однос на Договорот од Преспа?

Владејачката СИРИЗА има 145 пратеници и сите го поддржуваат Договорот од Преспа, што значи дека на владата и недостигаат уште шест позитивни гласови.

Од шесттемина пратеници кои вчера гласаа за доверба на Владата, извесно е дека за Договорот од Преспа, доколку не се случи некое изненадување, ќе гласаат четирворица: заменик-министерката за цивилна заштита Катерина Папакоста, министерката за туризам Елена Кундура, пратеникот од Независни Грци, Танасис Папахристопулос, како и поранешниот член на Река, а сега независен пратеник, Спирос Данелис.

Со тоа бројката достигнува до 149 пратеници.

Останува енигма каква ќе биде позицијата на партијата Река. Додека Данелис беше дел од пратеничката група, беше сигурно дека најмалку четворица ќе го поддржат договорот со Македонија, меѓутоа по неговото отстранување од партијата, постојат различни шпекулации и сценарија.

Движењето Река на вчерашниот состанок на политичкиот совет одлучи дека останува во опозиција, но паралелно не ја менува одлуката донесена на Конгресот дека проблемот со името треба да се реши и Грција треба да биде протагонист во отворањето на европскиот пат за соседната земја.

Лидерот на партијата, Ставрос Теодоракис на завчерашната расправа во грчкиот парламент рече дека „глас за доверба на владата значи во секој случај позитивен глас за Преспа, додека напротив, позитивен глас за Преспа, не значи глас за доверба на владата“. Изјава која во Грција се толкуваше дека Река, веројатно нема да смени став.

Доколку лидерот на Река и уште двајца негови сопартијци останат на првичната позиција и го поддржат договорот, тогаш владата ќе има 153 позитивни гласови.

Друга енигма е позицијата на лидерот на Демократска левица, коалиционата партија во Движење на промена, Танасис Теохаропулос, кој не е исклучено да отстапи од ставот на коалицијата и да гласа „за“.

Нова демократија бара одговори од Ципрас за македонскиот јазик и националност

Алексис Ципрас ќе одговори во Парламентот зошто има намера да го ратификува штетниот Договор од Преспа и главно, зошто на Скопјаните им отстапи наводна македонска националност и јазик, нешто што ниту една претходна влада не го имаше помислено, велат од грчката опозициска Нова демократија во одговор на соопштението на грчкиот премиер, ја отфрлаат поканата за ТВ дуел меѓу Ципрас и Киријакос Мицотакис и одново бараат избори „за народот да одлучи за Договорот од Преспа“.

-Ако господинот Ципрас се брза за дебата, имаме предлог за него: нека распише сега, веднаш избори и на предизборните дебати, граѓаните ќе донесат свои заклучоци. Тогаш, Парламентот што ќе произлезе од изборите со одлука на граѓаните, да одлучи за ратификација или отфрлање на Договорот од Преспа, соопштуваат од Нова демократија.

На крајот од соопштението велат дека веројатно е грчкиот премиер да го отфрли овој нивен предлог, па затоа имаат и втор: ТВ дуелот што го предлага  Ципрас, да го одржи со Панос Каменос „за отворено да разговараат за нивната врска”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.