Машката ракометна репрезентација на Македонија кон крајот на месецот ја очекуваат квалификациски настапи за пласман на Европското првенство во 2020 година. Најпрво во Битола против Турција (25 октомври, 20.15 ч.), а потоа и во Кожани против Грција (28 октомври, 18.30 ч.) во рамки на третата група во која е уште и селекцијата на Исланд. За таа цел, селекторот Раул Гонзалез објави поширок список со 28 играчи кои се поканети да присуствуваат на собирот во градот на конзулите што е закажан за понеделник.
За претстојните натпревари се повикани следните ракометари: Мартин Томовски (Металург), Борко Ристовски (Бенфика/Португалија), Никола Митревски (Доброгеа Суд Констанца/Романија), Мартин Велковски (Металург), Дејан Манасков (Веспрем/Унгарија), Гоце Ојлески (Еурофарм Работник), Немања Прибак (Бешикташ/Турција), Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт/Романија), Мартин Поповски (Вардар), Филип Лазаров (Ратинген/Германија), Филип Талески (Рајн Некар Левен/Германија), Костадин Петров (Пелистер), Велко Маркоски (Доброгеа Суд Констанца/Романија), Златко Даскаловски (Стразбур/Франција), Марко Мишевски (Вардар јуниор), Кире Лазаров (Нант/Франција), Горан Крстевски (Еурофарм Работник), Никола Маркоски (Еурофарм Работник), Стојанче Стоилов (Вардар), Жарко Пешевски (Мотор Запорожје/Украина), Филип Кузмановски (Еурофарм Работник), Марио Танкоски (Металург), Филип Чурлевски (Еурофарм Работник), Димитар Димитриоски (Металург), Томислав Јагуриновски (Металург), Филип Арсеновски (Металург), Милорад Кукоски (Еурофарм Работник), Мартин Манасков (Пролет 62).
Европското првенство во ракомет за мажи во 2020 година (10-26 јануари) ќе биде првото со три земји како ко-домаќини (Шведска, Норвешка, Австрија) и, исто така, ќе биде прво со 24 репрезентации. Мечевите ќе се играат во Стокхолм, во Малме, во Гетеборг, во Виена, во Грац и во Трондхајм.