Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рауна: Проширувањето на Унијата е геополитичка неопходност и ќе биде приоритет на кипарското претседателство со ЕУ

0
By Zoran Ivanov on September 2, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Проширувањето на Европската Унија претставува геополитичка неопходност и е катализатор, порача заменик-министерката за европски прашања на Кипар Марилена Рауна и посочи дека проширувањето ќе биде еден од приоритетите на кипарското претседателство со ЕУ во првата половина на следната година., јави Медиумската информативна агенција.

При пристигнувањето на неформалниот Совет за општи работи во Копенхаген таа рече дека темата на денешниот неформален состанок е мошне соодветна „од Копенхаген – во Копенхаген – и повторно во Копенхаген“, посочувајќи дека првите два се однесуваат на 1993 година, кога критериумите беа договорени токму во Копенхаген.

Третиот „Копенхаген“ го означува времето во кое се наоѓаме сега и ова е време кога постои обновена динамика во процесот на проширување. Апсолутно е јасно дека проширувањето претставува геополитичка неопходност и е катализатор. Се однесува на проширување на безбедносниот и заштитниот простор, а заедно ќе дискутираме како процесот на постепена интеграција може да им помогне на земјите-кандидатки да напредуваат во пристапните преговори, рече кипарската заменик-министерка за европски прашања.

Станува збор, посочи таа, за процес што се темели на критериуми засновани на заслуги. Тоа е меѓувладина постапка што бара согласност од сите 27 земји-членки на ЕУ, а за земјите кои се обврзале да ги спроведат, Европската Унија се обврзува да им помогне да напредуваат во нивниот пристапен процес.

На крај, сакам да истакнам дека со оглед на тоа што се подготвуваме за преземање на претседателството, проширувањето ќе биде еден од нашите приоритети, истакна Рауна.

Република Кипар ќе го преземе претседавањето со Советот на ЕУ во јануари 2026 година.

 

ЕУ никозија приоритет проширување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.