Граѓанското Движење “Разбуди се!“ смета дека насилството помеѓу средношколците како и младите воопшто превзема алармантни размери и институциите на земјава целосно потфрлија во менаџирањето на ситуацијата како и спречувањето на инцидентите.
„Министерството за Внатрешни Работи се уште не успеа да реши ниту еден случај од многуте инциденти помеѓу младите и ниту еден насилник не е повикан на одговорност до денес. Овој поразителен баланс е алармантен и за ова потфрлување треба да се сноси директна морална и политичка одговорност.
– Во секоја демократија, одговорните ќе дадеа оставка во случај постојанo да се тепаат децата на улици, плоштади, автобуси, стадиони. Родителите ги испраќаат своите деца на училиште со страв затоа што не се сигурни како тие ќе се вратат дома по училишните часови. Оваа ситуација е неприфатлива и тие кои што не умеат да ја менаџираат ситуацијата и да овозможат основна сигурност за децата треба да се повлечат веднаш“ – реагираат од “Разбуди се!“.




