Граѓанското движење „Разбуди се!“ изразува големо жалење за, како што вели, изливот на агресивност и омраза на пратеникот Беким Фазлиу, искажан од говорницата на Собранието, против најголемата организација на Албанците во Македонија од 2006 година.
Реакцијата на движењето „Разбуди се!“ следи по изјавата на пратеникот Беким Фазлиу, од ДПА кој вчера рече: „Албанците и пред пет години, и без Ахмети и ’Разбуди се’, сфатија дека улогата на претседателот на Македонија е безначајна и оти не вреди да се занимаваат со тоа. Затоа и пред пет години не гласаа за Иванов, а ни на 13 април нема да се заморуваат и да ги гласаат другите конзензуални браќа на Али Ахмети“.
Од „Разбуди се!“ велат дека токму оваа филозофија на експонентите на ДПА им носи постојани порази затоа што граѓаните не прифаќаат такво инфантилно однесување и просечно претставување. Се надеваме дека едно случајно пронајдено лице во политиката и со сериозни интелектуални ограничувања како Беким Фазлиу што побрзо ќе ги надмине траумите добиени од Валон Бела и ќе ги разјасни неговите мислења.
„Разбуди се!“ смета дека ниту една политичка партија не смее да претендира дека има право да зборува во име на сите граѓани и да ја монополизира вистината преку обиди за отстранување на цивилното општество, кое што фактички го претставува изворниот глас на народот и не се чувствува претставена од овие политички партии.
„Разбуди се!“ беше првата организација која што се појави пред споменикот на Цар Душан за да го осуди неговото поставување и ги иницираше сите понатамошни реакции. „Разбуди се!“ направило многу повеќе од вас, затоа ви сугерираме да го отстапите вашето место на „Разбуди се!“ зошто и онака само џабе постоите“, велат од ова граѓанско движење.
Оттаму истакнуваат дека имаат ново раководство и немаат ништо заедничко со ДУИ, ДПА или НДП, како и дека целта им е да го претстават гласот на албанските граѓани кои не се чувствуваат претставени од, како што велат, интелектуалниот медиокритет кој што царува во сите албански политички партии.




