Граѓанското движење „Разбуди се!“ упати јавна реакција за поставувањето на споменикот на Цар Душан кого го нарече „Окупатор“ на Западен балкан и „самопрогласен Цар“.
Според нив поставувањето на споменик за една ваква фигура е контраверзна и зборува за кризата на идентитетот или србофилијата на тие што го поставиле.
„Во време на економска криза и екстремна сирoмаштија, се продолжува со поставување на споменици со кои станавме предмет на подсмев на целиот цивилизиран свет. Овој споменик се поставува пред да се постават спомениците на албанските дејци„, стои во реакцијата.

Од „Разбуди се!“ велат дека од самиот почеток на проектот Скопје 2014 сметаа дека истиот е моноетнички и монорелигиски проект и како таков го оспоруваа со последователни протести. За жал, овој проект продолжува да биде таков и по многу години.
„Се надева дека недостатокот на национален идентите на поeдинци или одредени групи во земјата нема да го држи во заложништво целото друштво како и иднината на земјата. Помисливме дека проектите како енциклопедијата, Скопје 2014, црква на Кале и други се надминати и по предизвиканите немири кои ги создадоа ќе почне да се мисли повеќе за иднината отколку за минатото, се вели во реакцијата од „Разбуди се!“.




