Граѓанското движење „Разбуди се“ ја осуди одлуката на Владата на Македонија за поставување на влезна такса за граѓаните на Косово во Македонија заедно со возилата кои што доаѓаат од Косово во Македонија, но притоа без ниту еден збор за одлуката на властите на Косово.
– Сметаме дека оваа еднострана одлука на Владата во Скопје сериозно и наштетува на економијата на земјата, но истовремено ги постувава Албанците од двете страни на границата во многу незавидна ситуација поради блиските семејни врски помеѓу нив, се вели во реакцијата.
– Ги повикуваме медиумите да известуваат за вчерашниот грабеж на Албанските граѓани од Косово на кои им се издаваше абсолутно безвредно парче хартија (парагон блок) како доказ за нивното плаќање а не фискални сметки како што е предвидено со закон.
Движењето „Разбуди се“ ја повикува Владата на Македонија да ги остави спокојни граѓаните на Косово и нивните роднини во Македонија од економското недоразбирање помеѓу институциите на Косово и на Македонија и веднаш да ја повлече абсурдната и неприфатлива одлука, стои во реакцијата.
Според нив ваквата одлука на македонската влада го отежнува протокот на луѓето и возилата на малкуте гранични премини со Косово поради долгите редици на возила.




