Баба Борка од Радишани, која вчера излезе на протестите на Шарената револуција, што наиде на овации од присутните, а за момент го привлече и фокусот на камерите, вели излегла затоа што душата и сакала, со надеж дека ќе се сменат работите.
Таа на кратко разговараше со НОВА, и порача дека во државата има многу неправда. Баба Борка симболично вчера го изрази својот револт, притоа фрлајќи боја кон Собранието.
На протестите исто така пред камерата на НОВА зборуваше и Маја, која секојдневно може да се забележи на протестите. Таа пак вели, протестира против системот од кој веќе еднаш се ослободивме, за сега повторно да биде наметнат.
– Протестирам против сите овие неправди што се случуваат. Нема закони во оваа држава, односно постојат кога треба да се обвинат политичките противници. Како преведувачка, потенцира дека е лично засегната од неоправдано големите давачки, за финансиските казни за најмали грешки, а протестира и бидејќи сака нејзините деца да живеат во нормалана држава.