Претседателот на Агенцијата за приватизација на Грција е разрешен.
Министерот за финансии Јанис Стурнарас го повика Стелиос Ставридис да поднесе оставка по извештајот дека тој патувал во авион што му припаѓa на еден бизнисмен кој ја купил фирмата за коцкање Opap од државата, јавува Би-Би-Си.
Г-дин Ставридис работеше четири месеци, но се соочува со критики за бавното темпо на приватизација.
Минатата недела Атина ја финализираше продажбата на контролниот пакет-акции во Opap.
Група на грчки и источно -европски инвеститори платија 650 милиони евра за 33% од акциите на државата во компанијата.