Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Разрешувањето на Весна Дамева во Судскиот совет било повлечено, па и била изгласана недоверба и потоа е избран Георгиев

0
By Соња Крамарска on May 5, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
новиот претседател на Судскиот совет Сашко Георгиев
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, во изјава во изјава за „Дојче Веле“ (ДВ) вели дека е убедена оти на јавноста ѝ е познато зошто била разрешена од функцијата.

Таа излезе со истата порака како и кога беше разрешена дека во судовите нема место за корумпираните судии и затоа вели, ќе остане да биде член на Судскиот совет додека не се обидат да ја отстранат и оттаму.

„Што се крие зад ’вистинските‘ причини за моето повторно разрешување, без присуство на јавноста, со грубо прекршување на сите правила и процедури, убедена сум дека тоа на јавноста и е веќе добро познато. Јас останувам доследна на изјавата која ја дадов на денот на мојот избор за претседател на Судскиот совет – дека за корумпираните судии нема место во судовите. Од оваа заложба не отстапувам и токму поради тоа останувам да бидам член на Судскиот совет, сè додека не се обидат да ме ’отстранат‘ и од таа позиција. За корумпираните судии компромис нема. Граѓаните заслужуваат да живеат во правна држава во која владее правото, а државата заслужува самостојно и независно судство“, вели Дамева.

Таа првично беше разрешена со седум гласа „за“ на 26 април по иницијатива на нејзиниот заменик Селим Адеми. Постапка за разрешување на претседател не е предвидено ниту со Законот за Судски совет ниту со Деловникот за работа, а начинот на кој се случи нејзиното отстранување на функцијата предизвика низа реакции кај стручната јавност.

Вчера Судскиот совет одржа две седници далеку од очите на јавноста. На првата изгласал да ја повлече првичната одлука за разрешување на Дамева. Потоа, на втората ѝ изгласал недоверба со девет гласа и ја разрешил. Одлуките за одржување нејавни седници од Судскиот совет преку соопштение ги оправдаа со одредба од законот која предвидува дека јавноста може да биде исклучена заради заштита на угледот и интегритетот на судијата или кандидатот за судијата.

 

Весна Дамева разрешување Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.