Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ре(форма)

0
By Biljana on May 28, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Славјанка Петровска

Реформа е често користен збор во политиката. Во говорите на преставниците на власта најчесто ќе го прочитате употребен во суперлатив кога се промовира некоја нова промена или преобразба на одредена сфера или област во општеството, додека пак во говорите на опозицијата најчесто ќе ја прочитате во контекст на изразување незадоволство затоа што промената која се случила била неуспешна или пак онаа која се најавува е осудена на неуспех.

Но, надвор од вообичаените политички разногласија околу успешноста на определена реформа, она за што се согласуваат сите општествени чинители е потребата за реформирање. Во свет кој постојано се менува под притисокот на созревањето и развојот на човекот како основна единка на општеството реформите или преобразбите се посакувани и нужно неопходни. Променувајќи се ние се хармонизираме со светските трендови и допринесуваме за развој на виталните функции на државата, а пред се економски раст и развој, бидејќи за која и реформа да зборуваме, на крајот таа се поврзува со економските текови во државата.

Токму затоа, денес економски најразвиени држави се оние кои први посегнале по структурни и суштински реформи и кои постојано вложуваат во унапредувањето на техничко-технолошките процеси, но и општествените текови.

Сепак, во процесот на реформирање постојат и „замки“ кои успешните успешно ги избегнуваат, а неуспешните „налетуваат“ и се зплеткуваат во нив. Па потоа следи процес на „поправка на штетата“ и губење драгоцено време. Иако патот до успешна реформа не е лесен и едноставен, сепак е возможен.

Кој е рецептот за успешна реформа? Сигурно не е техниката на препишување од некој успешен пример од соседството или пошироко.

Се почнува од свесноста за потребата од реформа, изразена преку недвосмислен и јасен политички став, без скриени калкулации и политичко профитирање. Потоа следува малку подолг период во кој се изработува темелна анализа за состојбите во областа која ќе биде реформирана. Кога велам темелна анализа, не мислам на долги раскази кои се засноваат на теории или успешни приказни од други држави, туку мислам на скенирање на состојбата во нашето општество. Секоја реформа на една област, несомнено предизвикува некаков вид на импликации во друга област, кои ако не ги предвидите ќе ве изненадат. Затоа во таа темелна анализа треба да се предвидат и тие импликации и планираната реформа да биде согледана во поширок контекст, исто како што треба да се анализираат и потребите и навиките на граѓаните, социјалната структура на населението, правниот систем, економската моќ, општествената одговорност.

Откако ќе ја добиете анализата, многу е важно и правилно да ја прочитате, затоа што таа треба да биде одраз на реалноста. Кога пред вас ќе ја имате сликата за реалноста во општеството и ја прифатите тогаш веќе имате успешен почеток. Соочувањето со реалноста значи дека имате можност да планирате реформа преку која ќе ги отстраните или намалите негативните влијанија кои потенцијално би можеле да ви го зазгрозат успехот на реформата.

Јавноста – клучната алка од реформскиот процес кој може да ви биде најголем сојузник или најголем противник, што зависи од тоа во кој момент ќе ја вклучите. Ако реформата ја претставите пред јавноста како готов производ, спакуван кој само треба да добие поддршка, тогаш имате противник. Но, ако јавноста е вклучена со можност да менува и предложува, па дури и тоа да бидат долги „преговори“ на соочување на аргументи, тогаш добивате сојузник.

Секоја реформа која е производ на инклузивен општествен процес е успешна, бидејќи инклузијата не значи бројност, туку квалитет. И токму затоа најмалку две страни мора да бидт вклучени, а тоа се оние за кои е наменета реформата и оние кои ќе реформираат. Всушност со нивната инклузивност вие создавате партнерски однос уште пред реформата да биде официјално претставена и промовирана, па така кога ќе биде соопштена секој од чинителите си ја препознава својата улога во тоа дело, но и во идното спроведување.

Од пристапот кој ќе го имате и стратешкиот пристап кон реформата ќе зависи дали навистина ќе направиме преобразба во определена област и таа ќе биде структурна и суштинска и ќе го има епитетот РЕФОРМА или ќе се сведеме на ФОРМАЛНО завршена обврска, потрошени време и пари.

Успехот на реформите е тежок и комплициран, но не е невозможен.

Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.