Лавина реакии на социјалните мрежи по навредите и непристојните коментари упатени од страна на пратениците на ВМРО – ДПМНЕ до нивната активистка Зорица Димовска.

„До пратениците на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да почнат со часови по парламентарна демократија затоа што ако се прашувате што довикуваа од страна еве: Навреди и непристојни коментари ѝ упатија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на Зорица Димовска, претставник на 13.169 граѓани кои предложија врќање на евтината дневна струја и ослободување на граѓаните од плаќање надоместоци за услуги од енергетските компании кои не ги користат. Кој те подучуваше? На која партија ѝ припаѓаш? Патем ова ни се случи и на законодавно-правна комисија и на економски прашања…“, напиша денес на својот ФБ профил Јасмина Голубовска.

Петрит Сарачини на Фејсбук напиша: Дека политичарите се ретко на страната на народот, тоа го знаеме. Но мене ме интересираше „културата“ на пратениците на ВМРО, кои на тетка Зорица и довикуваа „комуњарко“, „оди си“ итн, како и ароганцијата на спикерот (Велјановски), кој бараше зорица да биде коректна, а не го бараше истото од неговите пулени кои дофрлаа гадости од клупите“.

Инаку денеска собранието ја отфрли иницијативата на граѓанската иницијатива АМАН за враќање на дневната евтина тарифа на електрична енерија.