Премиерот на Косово, Хашим Тачи, изрази загриженост за активностите на неколку албански поединци, што според него ја злоупотребуваат верската слобода и се обидувале да импонираат проповеди што не се вистинска национална и цивилизирана вредност.
Со коментар на Фејсбук, Тачи изјавил дека Косово никогаш нема да биде „плодна почва“ за радикали или екстремисти, кои се обидуваат да ги изменат јасните евроатлантски цели на општеството, на државата Косово и на албанскиот народ, објавува Top Channel.
Омразата кон малцинствата, обидите да се увезат туѓи феномени како што е антисемитизмот или верскиот радикализам, според Тачи, ќе се соочи со цврст отпор од целиот државен и законски капацитет.
„Непријателите на демократијата и на западните цивилизирани вредности нема да најдат заштита во нашата татковина. Ова е мое ветување и верувам и на целото демократско водство во Косово“, напишал Тачи.
Сеуште актуелниот премиер на Косово изјавил дека институциите на Косово ќе останат верни на почитувањето на Уставот и ќе се борат секојдневно и на секое место против екстремизмот од било која форма.