“СДСМ продолжуваат со истата тактика на манипулации, конструкции и лаги кои што ги применуваа пред изборите, а им донесе пораз од 200 илјади гласови.
Лошо е тоа што не ги разбираат и не ги прифаќаат пораките од граѓаните кои јасно им кажаа дека манипулации, лаги и измислици не се тоа што граѓаните го очекуваат од ниту една политичка партија, па ни од СДСМ.
Натпреварот помеѓу политичките партии не треба да се сведе на вакви безидејни и празни прес конференции кои што ги гледаме подолго време од СДСМ, туку треба да биде натпревар на програми, идеи, проекти и мерки, односно се што е во интерес на граѓаните на Република Македонија.
Затоа, СДСМ конечно треба да престане со ваквите очајни обиди за манипулација на јавноста и со погубните сценарија кои и носат само штета на Република Македонија”, реагира ВМРО-ДПМНЕ по пресот на Шилегов кој рече дека случајот “Македонска банка” не е застарен.




