Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакции и обвинувања меѓу одговорните во МРТ за интервјуто на Јанева

0
By Нова ТВ on September 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По интервјуто на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева објавено од страна на Јавниот сервис, а по кое следуваа реакции за објавениот дел кој протекол од телевизијата, немонтираниот, Првиот програмски сервис на МТВ ѝ се извини на јавноста, Специјалното јавно обвинителство и на обвинителката Катица Јанева, за ситуацијата.

Оттаму потенцираа дека согласно правилниците за работа во јавниот сервис, за сите направени прекршоци ќе биде поведена дисциплинска постапка, со цел утврдување на одговорноста.

Оттаму ги отфрлија сите обвинувања и напади за режирано интервју, со нарачани прашања, оградувајќи се од сите инсинуации, подметнувања и толкувања.

По ова следуваше реакција потпишана од Колегиумот на МТВ, во кој се вели дека случувањата и настаните поврзани со интервјуто на специјалната јавна обвинителка во Дневниците на МТВ1 и настаните кои следствено се случуваа потоа со протекување на снимката ги карактеризираат како неуспешен обид да се даде нова професионална слика на Јавниот сервис преку вештачко билдање на програма.

– Иако одговорниот уредник, пред една недела беше известен дека постои желба да се направи интервју со г-ѓата Јанева, сепак уредничката Аргирова сосема недоследно и без одобрение на Колегиумот на Првиот програмски сервис, на своја рака го продуцираше интервјуто и без консултација со Колегиумот го емитуваше истото, за потоа да следат лавина од реакции за тоа како било сработено? Се разбира и уредничкиот Колегиум на МТВ1 имше прашања кои сакаше да ги постави до обвинителката Катица Јанева, но завршеното инкогнито интервју не претече сите, надвор од нормалните и професионални принципи на работа (пријава на интервју на колегиум, план за реализација и продукција и емитување на истото). Овие работи повеќе и ги нема како реалност во МТВ, по преземањето на уредничкото место во Информативната програма. Ако ништо друго, очекувавме, барем консултација по однос на содржината и монтажата на истото. И повеќе од убедени сме дека така измонтираното и реализирано интервју не му е местото на ниедна телевизија. Но на желбите и нарачките им нема крај…Доколку, одговорниот уредник на МТВ1 или Колегиумот на Првиот програмски сервис беа директно инволвирани во реализацијата на интервјуто, за истото да изгледаше по сите стандарди и нормативи на професионално работење, сега немаше да дојдеме до ситуација никој да извинува на никого се вели меѓу другото во оваа реакција.

Јанева МРТ СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.