На Фејсбук профилот Кочани (Гласот На Кочани) беше објавена реакција на жителите дека се отстранети книгата на жалост и штандот за свеќи, а деновите на жалост се уште траат.
Граѓаните на Кочани со огорченост реагираат на отстранувањето на штандот за палење свеќи и книгата на жалост од градскиот парк. Овој простор, кој беше место за оддавање почит кон жртвите, е тргнат и покрај тоа што се уште трае седумдневната жалост, пишува на ѕидот на Фејсбук страницата.