Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакција на Ромалитико: Уште 1000 лица се под закана да ја имаат истата судбина како Мемет

0
By Соња Крамарска on June 1, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Мемет Камбер за жал не е прва жртва на системот. Покрај него постојат и други примери на лица кои го загубиле својот живот или пак се соочиле со сериозни тешкотии во процесот на добивање на здравствена заштита. Моментално имаме околу 1000 без документи кои се под закана да ја имаат истата судбина како Мемет“, реагираа денес од Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико кој се фокусира на потребите на ранливите категории граѓани.

Тие потсетуваа дека Мемет како сиромашно лице немал лична карта затоа што не можел да пријави адреса бидејќи живеел во дом кој е дивоградба. „Што значи ова и какви проблеми произлегуваат од оваа состојба? Најпрво, ромските населби се соочуваат со проблемот на влез на населбите во урбанистичките планови. За да може еден дом да се легализира потребно е населбата да е дел од ДУП и/или ГУП. Предлог Законот за легализација на бесправно изградени објекти не успеа да ја реализира својата цел и да обезбеди легализација на домовите на овие сиромашни семејства, туку честопати беше користен за други цели“, велат во реакцијата.

Од Ромалитико посочуваат и дека проблемот со легализација покрај тоа што им го оневозможува уживањето на основни човекови права, дополнително ја доведува ромската заедница во состојба каде што не можат да го докажат правото на сопственост врз земјиште и оваа состојба се пресликува на идните генерации со
можност/закана за нивно иселување, но исто така им создава тешкотии во пристапот до комунални услуги, вода и електрична енергија.

Затоа апелираат итно да се донесе законско решение кое ќе им овозможи основни услови за живот за оваа категорија на граѓани. „Конкретно за лица кои немаат документи, решение може да биде и алтернативна можност за пријава на адреса во Центарот за социјални работи или општината. Време е да се извршат промени во Законот за лична карта и Законот за пријавување на живеалиште и
престојувалиште и да се даде можност на лицата кои немаат свој дом, да може да извадат лична карта“, велат од Ромалитико.

Покрај лицата без документи, поради проблемите со урбанизација и легализација,
моментално постојат и лица кои не може да ја обноват личната карта и за кои исто така треба да постои решение.
„Остварувањето на здравствената заштита е човеково право а неможноста за пристап до здравствена заштита е прекршување на човеково право. Апелираме за итно формирање на работна група во Владата која ќе работи на решенија и итно усвојување на потребните измени за пристап до лична карта и други документи. Тагата е неизмерна, меѓутоа не треба да дозволиме да имаме уште вакви случаеви“, порачаа денеска од невладината организација која им помага на Ромите во интеграцијата во општеството.

Мемет Камбер Ромалитико
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.