Промената на грбот на Јувентус ги разочара навивачите, но ни Реал не му одолеа на маркетиншкиот предизвик на пазарот на Исток, па го отстрани крстот од врвот на круната.
Како што пренесува Ел Конфиденсијал, крстот кој што го симболизирала христијанството ќе биде тргнат во муслиманските земји, бидејќи прашањето за религиите таму е осетливо, а веќе е постигнат договор со компанијата „Марка“ во Обединетите Арапски Емирати кои ја дистрибуираат робата со амблемот на славниот клуб.
Реал се надева на поголем профит од ОАЕ, од Саудијска Арабија, Кувајт и Катар, како и од Катар кој ќе биде домаќин на Светското првнество во 2022 година. Потпретседателот Марке Калид ал-Меири инсистираше да се повлече крстот, што предизвика незадоволство кај навивачите на кралскиот клуб во Шпанија.