Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реалните лични доходи паѓаат веќе три години без прекин

0
By Нова ТВ on May 20, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 20, 2013 19:01


Реалните нето исплатени лични доходи, оние со вклучена инфлација, паѓаат три години и два месеци по ред. Ова значи дека веќе над три години, платите во земјата не држат чекор со инфлацијата и дека нивната вистинска вредност опаѓа, како и дека она што може да се купи со македонските плати од година во година е помалку споредено со претходната.

Во изминатите 26 месеци, само еден месец имало раст кај платите на реално ниво, додека во сите останати тие паѓаа. Во 2010 година падот изнесуваше 0,6 отсто, во 2011 2,5 отсто, во 2012 3 отсто, а овој пад продолжува и годинава.

Платите на македонските работници паѓаат и покрај тоа што веќе имаме најниски плати од земјите на бивша Југославија, но и покрај тоа што во земјава веќе сме сведоци на извесни странски инвестиции. Сепак, ништо од ова не придонесе платите да пораснат после светската рецесија од 2009 и 2010 година.

Марјан Николов, доктор по економски науки и претседател на Центарот за економски анализи, вели дека кризата е причина за ова, при што ризикот е споделен меѓу работникот и работодавецот, а со цел да нема поголем број отпуштања во кризни времиња. Друга причина за ова, според него, се и промените воведени уште од пред 10 и повеќе години, кога заради зголемена „флексибилност“ на пазарот на трудот, беше олеснето отпуштањето работници.

Состојбата не се подобрува. Заради сето ова, но и заради високото ниво на невработеност, Македонија има најнерамномерна дистрибуција на платите во цела Европа. Имено никаде во Европа, како што е случај во Македонија, нема ситуација каде што дури две третини од вработените добиваат плата која изнесува само две третини од просечната или помалку од овој износ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.