Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Речиси 100 тела неидентификувани по железничката несреќа во Индија

0
By Соња Крамарска on June 6, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пет дена по смртоносната несреќа на три возови во Индија, во која загинаа 275 луѓе, речиси 100 тела остануваат неподигнати.

Во несреќата во петокот вечерта во државата Одиша учествувале два патнички воза и стационарен товарен воз.

Повеќе од 1.000 повредени се пренесени во болници на лекување. Многу семејства велат дека се уште ги бараат своите најблиски.

Смртоносниот судир е најтешката железничка несреќа во Индија овој век.

Во несреќата патнички воз излета од шините откако погрешно влегол во колосек покрај главната линија и се судрил со стационарен товарен воз што бил паркиран таму. Неговите вагони кои излетале од шините потоа удриле во задните вагони на вториот патнички воз што одел во спротивна насока.

Се претпоставува дека повеќе од 3.000 патници патувале во двата воза, а извештаите велат дека и двата биле преполни.

Очајните членови на семејствата на патниците од Одиша и други држави ги преполнија болниците, барајќи информации за своите најблиски. Но, во некои случаи, идентификувањето на телото се покажува како вистински предизвик.

Во случаите кога имало повеќе од едно семејство кои побарале тело, се правело ДНК-тестирање за да им се помогне на семејствата со идентификација. Неидентификуваните тела ќе се чуваат во болничката мртовечница во следните 10 дена, а потоа владата ќе ги кремира или закопа.

Извор: Би-Би-Си

железничка несреќа Индија неидентификувани тела
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.