Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Референдумот на Мицкоски паѓа по најмалку уште еден основ – за меѓународен договор е можен само претходен референдум

0
By Соња Крамарска on September 13, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Член 24 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните  определува дека за ратификација на меѓународен договор може да се распише претходен референдум. Членот во законот гласи:
Референдум на државно ниво може да се распише и за потреба од ратификација на меѓународни договори и за други прашања од надлежност на Собранието (претходен референдум) и за одлуки донесени од Собранието или за изјаснување на граѓаните за други прашања за кои одлучувало Собранието (дополнителен референдум).
Ова може да се толкува дека единствено пред да биде потпишан одреден меѓународен договор може да се распише референдум, но не и откако договорот веќе е ратификуван.
Член 28, став 3 од истиот закон за референдум пропишува и тоа дека референдум не може да се распише за одлуки донесени со бадентерово мнозинство.
„Референдум на државно ниво не може да се распише за прашања за кои Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.“
Но што му значи Бадентер на Мицкоски?
Од друга страна, чл. 118 од Уставот определува дека меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.
Тој член во Уставот гласи:
Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.
Собранието може да распише референдум за прашања од неговата надлежност, но откако еднаш еден меѓународен договор е ратификуван, веќе ја надминува надлежноста на Собранието затоа што, нели, Собранието не може да го менува ратификуваниот договор.
Одовде произлегува дека меѓународните договори имаат посилно правно дејство од законите и не може да се менуваат со закон. Сево ова покренува оправдан сомнеж дека воопшто не може да се распише референдум за меѓународен договор откако истиот ќе биде ратификуван. Дури ни Уставниот суд не може да ја оценува уставноста на ратификуваниот меѓународен договор – единствено може да ја оценува уставноста на постапката за ратификација на договорот (т.е. од процедурален аспект дали се запазени сите елементи).
Зачудува фактот што Мицкоски и неговата партија, претходно и во друштво со Апасиев кој одеднаш стивна, имајќи јасни законски и уставни рамки пред себе, упорно инсистираат на распишување референдум.
Мицкоски забрава и на темелните вредности на уставниот поредок во кои спаѓа и одредбата:
„Основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот.“
Дали можеби Мицкоски свесно поставува барања и започнува процеси што се невозможни и недозволени со Уставот и законите што владеат во земјата? Што може да биде целта, ако не да се стекне со некој екстра политички поен и да внесе дополнителни тензии во земјата, а со тоа да го отежни македонското чекорење кон ЕУ…
Впрочем, се работи за Договор за добрососедство од пред пет години за кој Мицкоски јасно и течно, на чист бугарски јазик му кажа на поранешниот бугарски премиер, Бојко Борисов, дека ќе го поддржат. Треба ли сега и тоа да го заборавиме?

референдум Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.