Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Регулаторна го принудува Макпетрол да складира државни резерви нафта

0
By Нова ТВ on April 21, 2017 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Макпетрол преку Македонската берза објави ценовно чуствителна информација, во која меѓу другото се вели:

-Поради големите трошоци кои произлегуваат од складирањето на државните резерви на нафта,, Макпетрол минатата година се откажа од продолжување на веќе истечената Лиценца за складирање на сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, согласно Законот за енергетика.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), спротивно на законите и надвор од своите овластувања, без такво барање од Макпетрол, двапати во времетраење од една година го продолжува рокот на лиценцата за складирање на сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, со што го присилува Макпетрол да продолжи да ја врши оваа дејност. Компанијата, имајќи ги предвид државните интереси,  веќе 26 години, на сопствен трошок и без надомест, ја извршува дејноста складирање на нафтени деривати за потребите на државата. Ова претставува сериозен трошок за Макпетрол, со оглед на тоа дека складирањето на државните резерви годишно чини околу 90 милиони денари (околу 1.45 милиони евра).. Станува збор за куриозитет и единствен случај во Европа во кој една приватна компанија без никаков надомест ја врши оваа дејност.

Но, Владата со години тактизира со донесувањето на  подзаконски акти кои го регулираат надоместокот за складирање на нафтени деривати за потребите на Република Македонија,кои се предвидени согласно Законот за задолжителни нафтени резерви. Ова одолговлекување, , и незаконското продолжување на лиценцата за складирање од РКЕ,  практично ја присилува компанијата да врши дејност која произлегува од предметната лиценца, а која не е регулирана енергетска дејност, согласно Законот за енергетика. Со ова,  се  оштетуваат акционерите на Макпетрол – компанијата, против својата волја, секоја година мора да издвојува по нови 1.45 милиони евра за складирањето на државните нафтени резерви!

Ваквото однесување на властите е уште поапсурдно, ако се знае дека постојат седум други компании кои ја имаат добиено истата лиценца од РКЕ за складирање на државните резерви. Ако Макпетрол се откажува од лиценцата, што е негово законско право, која било од овие компании може да ја преземе дејноста.

За да ги заштитат интересите Макпетрол АД Скопје и неговите акционери, од раководството на компанијата најавуваат дека ги преземаат сите расположливи законски можности за оспорување на самоволието и незаконското постапување на Регулаторната комисија за eнергетика.

Маркетинг текст

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.