Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Река повика граѓаните масовно да излезат на 5 мај и да го спасат евро-атлантскиот процес

0
By Нова ТВ on May 2, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 2, 2019 15:52

Поранешниот кандидат за претседател на државата Блерим Река ги повика граѓаните на 5 мај да излезат масовно на гласање, за, како што рече тој, да го спасат евро-атланскиот процес.

Река на својот Фејсбук пост им се заблагодари на граѓаните за поддршката за неговиот концепт во првиот круг од претседателските избори и дека близу 80.000 гласови, за само три недели во политиката и не се малку.

„Дозволете ми уште еднаш да ви се заблагодарам за вашите гласови за мојот концепт за “Една Република за сите, со законот над сите”: како члeнка на НАТО и ЕУ. Близу 80.000 гласови, за само три недели во политиката и не се малку, oсобено дадени на председателски избори со досега најниска излезеност (42 отсто) и највисок број на неважечки гласачки ливчиња, 33.000.

Река во постот додава дека право на граѓаните е да одлучат за кого ќе го дадат својот глас на вториот круг.

„Почитувајќи ги вашите гласови, уште еднаш ќе повторам: тие се само ваши гласови. Тоа е ваше свето право и на вас е да одлучите за кого ќе гласате на вториот круг. Ќе го повторам истото што го реков на почетокот на мојата претседателска кампања: јас, не сум трговец со вашите гласови и нема да ве убедувам за кого ќе гласате оваа недела. Зашто тогаш се потребни избори, ако како досега во вториот круг за вашите гласови одлучуваат партијските лидери како обични трговци со гласовите на народот?

Од моја страна, јас би ве замолил да на 5 мај, излезете масовно на гласање, за да го спасите евро-атланскиот процес“напиша Река на својот Фејсбук профил.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.