Реконструираната Влада на Србија ќе има 18 министерства, а ресорите за финансии и економија ќе бидат поделени. Предлозите за измени во Законот за министерства ќе се разгледуваат утре.
Со тоа Владата ќе има: Министерство за внатрешни работи, Министерство за надворешни работи, Министерство за финансии, Министерство за одбрана, Министерство за регионален развој и локална самоуправа, Министерство за економија, Министерство за сообраќај и Министерство за градежништво и урбанизам.
Исто така, ќе има и Министерство за правда и државна управа, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за образование, наука и технолошки развој, Министерство за здравство, Министерство за енергетика, развој и заштита на животната средина, Министерство за култура и информирање, Министерство за природни ресурси, рударство и просторно планирање, Министерство за труд, вработување и социјална политика, Министерство за млади и спорт и Министерство за надворешна и внатрешна трговија и телекомуникации. Министерство за млади и спорт и Министерство за надворешна и внатрешна трговија и телекомуникации.
Со тоа е формализиран договорот на партиите од коалицијата за реконструкција на кабинетот на премиерот Ивица Дачиќ.
Генералниот секретар на Собранието на Србија Јана Љубичиќ, вели дека само по донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за министерства во Парламентот, може да следи назначувањето на новите министри.
„Ќе почнеме со дискусија на која пратеничките групи ќе имаат право на пет часа расправа, додека шефовите на парламентарните групи на 20 минути“, објаснува Љубичиќ.
На денешната седница Владата на Србија го усвои и Акциониот план за спроведување национална стратегија за борба против корупција за период до 2018 година.