Published: Friday, June 26, 2026 22:38
Зоран Јовановски: Фрапиран сум од опседнатоста на нашево општество со една реконструкција на Влада.
Со недели гледаме муабети на сите страни, кој кои министерства ќе ги изгубел, добиел, што ќе значело тоа за која политичка партија од власта или опозицијата и така во недоглед.
А всушност се работи само за внатрешна работа на една владина коалиција.
Треба само да се информира јавноста кога ќе има промена, да се објасни во тој момент промената и толку! Има толку многу посуштински прашања што треба да бидат во фокусот на општеството.
Извор: Фејсбук



