Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реконструран објектот на СВР Куманово

0
By НОВА ТВ on September 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска изврши увид во реконструираниот објект на СВР Куманово кој е изграден 1929 година. Во објектот заменети се дотраените дрвени со нови ПВЦ прозорци, влезните портали со нови алуминиумски врати, изведена е термоизолациона фасада низ целиот објект, поставено е ново и извршена е санација на постојното парно греење низ објектот, поставени се нови влезно-излезни рампи, рефлектори за надворешно осветлување, видеонадзор на целиот објект, пристапни рампи за лица со инвалидитет.

Спасовски информираше дека проектот за гасификација на СВР Куманово е доставен до општина Куманово и по добивањето на соодветното одобрение, објектот ќе се затоплува на гас, со што ќе обезбеди заштитата на животната средина. Ова е 60-ти објект кој МВР го реконструира со средства обезбедени од буџетот.

– Денеска, од моето Куманово со особено задоволство сакам да ве информирам дека реновирањето на објектот во кој е сместен Секторот за внатрешни работи Куманово е успешно завршено. Со гордост можам да кажам дека ова е 60 објект на МВР кој како раководство го реновиравме и на тој начин обезбедуваме подобри услови за работа на полициските службеници и за подобра услуга на граѓаните. Реновирањето на објектот којшто е изграден во 1929 година беше изведено во пет фази, а започна во делот каде сега се сместени вработените во ОКРА, потоа беше извршено целосно реновирање на полициската станица Куманово, санација на просториите за приведување и задржување на лица како и изведба на нова пристапна рампа за лица со инвалидитет, а реновиран беше и делот каде што се сместени БПС Куманово и Крим-полиција, појасни министерот.

За овој и за сите реконструкции на објектите, Спасовски рече дека се одвоени средства од буџетот на МВР во рамки на програмските активности за севкупно подобрување на условите и материјално-техничките капацитети на полицијата, што како активност е почната во 2017 година.

Тој нагласи дека реконструкцијата на објектот се спровела домаќински и економично, се користеле материјали за енергетска ефикасност и заштеда.

Од ноември 2020 до денеска, реконструирани се единаесет објекти во Кавадарци, Крива Паланка, Гевгелија, Ростуше, војнички клуб Илинден, Ресен, Дојран, Старо Нагоричане, Ранковце, Чашка. Спасовски најави дека МВР продолжува со реконструкција на објектите во ПС Карпош, ОВР Крушево, ОВР Прилеп, ОВР Радовиш, Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, ОВР Пробиштип, полициско одделение Македонска Каменица, полициско одделение Кривогаштани, ОВР Делчево, ОВР Берово.

На овој начин, според Спасовски, се обезбедуваат подобри услови за вработените и е во интерес на граѓаните. Тој рече дека овој 60-ти објект се промовира денеска во пресрет на 30-годишнината од назавиноста на државата.

Куманово Оливер Спасовски СВР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.