Комплетно е реконструиран и од утрово пуштен во употреба паркинг просторот и пристапот до Клиниката за стоматологија, а направена е комплетна реорганизација на паркот околу Клиниката со нови клупи и зеленило, информира министерот за здравство, Венко Филипче.
– Заедно со Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов направивме комплетна реконстукција и обнова на пристапот, паркинзите и просторот за движење на амбулантни возила и движечки и недвижечки пациенти во Клиничкиот кампус Мајка Тереза. Тројно е зголемен капацитетот за паркирање со новиот паркинг кој лани се постави до Клиниката за Гинекологија и акушерство, потенцира Филипче.
Министерот истакна дека комплетно нов простор е обезбеден и кај Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кадешто има обезбеден и паркинг до модуларната болница.