Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рекорден број на Ковид случаи во Кина

0
By Соња Крамарска on November 24, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кина го забележа својот најголем број дневни случаи на Ковид од почетокот на пандемијата, и покрај строгите мерки наменети за елиминирање на вирусот.

Неколку големи градови, вклучувајќи го главниот град Пекинг и јужниот трговски центар Гуангжу, доживуваат епидемии.

Вчера се забележани 31.527 случаи во споредба со априлскиот врв од 28.000.

Бројките се сè уште мали за земја со 1,4 милијарди луѓе и официјално нешто повеќе од 5.200 починале од почетокот на пандемијата.

Тоа е еднакво на три смртни случаи од Ковид на секој милион во Кина, споредено со 3.000 на милион во САД и 2.400 на милион во Велика Британија.

Додека кинеската политика за нулта Ковид очигледно спаси животи, таа, исто така, нанесе голем удар врз економијата и животите на обичните луѓе.

Земјата малку олабави некои од тие ограничувања пред неколку недели.

Го намали карантинот за блиски контакти од седум дена во државна установа на пет дена и три дена дома и престана да следи секундарни контакти што им овозможи на многу повеќе луѓе да избегнат да мораат да бидат во карантин.

Но, соочени со зголемениот раст на случаи во Пекинг, како и со првите смртни случаи од вирусот по неколку месеци, официјалните лица веќе спроведоа некои ограничувања во неколку области, при што продавниците, училиштата и рестораните беа затворени.

Централниот град Женгжу, од утре ќе прогласи карантин за сите 6 милиони жители.

Стапките на вакцинација во Кина се премногу ниски, особено меѓу ранливите групи.

Извор: Би-Би-Си

Кина ковид случаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.