Наградниот фонд на претстојниот Австралија опен ќе изнесува 50 милиони долари, што е рекорден износ на првиот грен слем сезонава, соопштија организаторите.
Тенисерите и тенисерките, во однос на минатата година, ќе имаат во просек за 14 проценти поголеми награди, а победниците во двете конкуренции ќе добијат по 3,7 милиони долари.
Заработката е особено зголемена и за настапите во квалификациите, за дури 39 отсто, а првото коло на турнирот носи 30 проценти поголема награда во споредба со минатата сезона.
Австралија опен се одржува од 16 до 29 јануари 2017 година. Титулата во машка конкуренција ја брани српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, а во женска конкуренција Германката Анџелика Кербер.