Тројна победа на автомобилистите на Пежо на третата етапа на „Рели Дакар 2017“. Аргентинската делница од Сан Мигел де Тукуман до Сан Салвадор во должина од 780 километри најбрзо ја мина Стефан Петерхансел (4:18,17 часа) пред Карлос Сајнц (+1,54 минути) и Себастијан Леб (3,08 минути). Со големи проблеми се соочија возачите на Тојота – Ал Атијах, Нани Рома, Жињел де Вилие и Ерик ван Лон кои загубија и доста драгоцено време да стаигнат до целта.
Жоан Бареда Борт на Хонда го освои првото место во конкуренција на мотоциклисти. Трката ја финишира со време од 4:23,41 часа. Како втор заврши Британецот Сем Сандерленд на КТМ (+12,29 секунди), трето време имаше Пјер Александре Рене на Хускварна (+15,30 секунди).
Најснаодлив во конкуренција на камионџии беше Русинот Едуард Николаев (2:45,51 часа) оставајќи ги зад себе Мартин Коломи од Чешка (+48 секунди) и Холанѓанецот Тон ван Генугтен (+1,01 минути).
Утре се вози четвртата етапа на „Рели Дакар“ од Сан Салвадор до Тубиза во должина од 521 километар.