Себастијан Леб победи во втората етапа на годинашното „Рели Дакар“ што се возеше од Резистенција до Сан Мигел де Тукуман во должина од 803 километри. Французинот, кој заврши како шести во стартната рута, го презеде и водството во генералниот пласман во конкуренција на автомобилисти.
Тоби Прајс триумфира меѓу мотоциклистите. Три ипол минути по него на целта пристигна клупскиот колега Матијас Вокнер, третото место го освои Португалецот Пауло Гонсалвеш (+4,5 минути).
Утре се вози третата етапа на рели Дакар од Тукуман до Сан Салвадор во Аргентина во должина од 780 километри.