Published: Friday, June 3, 2016 20:51
Во име на шарената револуција говореше Исмаил Малиќи, еден од демонстрантите кому денеска му беше поднесена кривична пријава. Тој порача: Не ви се плашиме, секој ден сме се побројни и еден ден ќе бидеме горди на ова што го правиме.
Говореше и екс министерката за труд Фросина Ременски, која му упати порака на Груевски дека е готово, без разлика дали гатачката го предупредила на тоа или не, како и тоа дека булеварот пред Влада ќе го носи името на Шарената револуција.







