Експратеничката Фросина Ременски која доби ослободителна пресуда за случајот „Меѓународен сојуз“ изјави дека е задоволна од пресудата но дека е исцрпена од двегодишното судење.
„Повеќе од две години и писхички и физички и емоционално поминувам низ овој процес. Барам разбирање денеска, да ја добијам пресудата, да ги прочитам наводите и да дадам повеќе образложение за било какво прашање денеска. Сметам дека за случајот премногу зборував, за целокупното постапување за случајот и мислам дека денеска укажувањето на судот во однос на функционерите и политичарите – е нешто на што сериозно треба да се размисли. Сакам да имате разбирање за денешната моја состојба. Секако, да си ги средам и јас емоциите од овој долг и измачувачки процес за мене, па стојам на располагање за сите прашања и одговори кои ги имате“, рече Ременски. (С.М.)