Со апели за единство и приоритет да биде интересот на партијата, а не личниот- ова се поентите на говорниците на Конгресот на СДСМ, Рената Десковска, Мики Вујиќ и Стефан Богоевски.
Десковска побарала да се стави крај на суетите и личните интереси, затоа што, како што рекла, денеска СДСМ го одредува патот на натамошното дејствување.
– Да не се водиме од емоции, ни требаат и Зоран Заев, и Радмила Шеќеринска, но и Бранко Црвенковски, изјавила Десковска.
Десковска му реплицирала на Гордан Георгиев, анализирајќи го односот Заев- Георгиев:
-Изненадена сум, Зоран Заев ти понудил да бидеш потпретседател- има ли поголем доказ за подавање рака од страна на лидерот?
Мики Вујиќ, претседател на Надзорниот одбор изјавил дека нема поделби во партијата и барал во тоа име и заедничко делување.
Претседателот на млади Стефан Богоевски, слично како и останатите говорници, побарал да се фокусираат делегатите на интересот и важните чекори на партијата, а не на личните интереси.




