НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како живеат децата во Тимјаник и Визбегово, како е во Заводот во Демир Капија

0
By Менче Атанасова Точи on December 21, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тимјаник ги прифати четирите деца со попреченост кои се сместени во малиот групен дом на сред село.  Една и пол година по бунтот на жителите, сликата е  многу поинаква. Локални жители и деца од училиштето доаѓаат на посета кај децата, им носат подароци на нивните родендени.

Во домот адаптиран според нивните потреба, во кој има и сензорна соба живеат три од деца од  Специјалниот завод во Демир Капија и едно од Бања Бањско. Две се неподвижни.

„ Ги прифатија децата, сега е се поинаку. Локални жители доаѓаат, ги посетуваат. Децата доаѓаат на родендени, им носат подароци. Со децата работат стручни лица, се чувствува напредок “, рече Душица Вулиќ Димова, координатор на три мали групни домови во општина Неготино.

Во исто време и малиот групен дом во Визбегово го исполнува џагор на деца од Домот „Ранка Милановиќ“. Локалните жители протестираа и за нивното сместување таму , наводно дека станува збор за деца со нарушено поведение.

Децата сега имаат се што им е потребно, а го немале во институцијата каде што беа до скоро. Воспитувачите велат дека бегствата се намалени. Ги затекнавме на час по музичко воспитување. Наставниците доаѓаат и им држат настава на горниот кат од куќата, за секој предмет посебно.

„Децата супер го прифатија новиот дом, голема е разликата од порано во институцијата и сега. Одлично се адаптираа, тоа добро влијае на нивниот развој“, рече  Виолета Масевска Палиќ дир.на Домот„25 Мај“и „Ранка Милановиќ“.

И воспитувачите велат дека е се поразлично, поубаво. Елката која ја накитиле заеднички, блескаше во дневната соба.

“Тука е се поинаку, децата имаат се што е потребно. Воспитувач има во секое време со нив, 24 часа сме со нив“, вели Наташа Ристовска, воспитувачка.

Во домот имаат и готвач кој подготвува храна по однапред предвидено мени.

„ Им подготвувам храна по предвидено мени, но некогаш бараат и нешто друго, компирчиња и чипс сакаат обично. Навечер сами ја спремаат вечерата. Многу е убаво тука, за децата, а и за нас.  Во установата„ Ранка Милановиќ“, условите беа лоши, искршени плочки, руинирани тоалети, тука е како дома“, раскажува Горан Здравковски, готвач.

Во сивите и гломази домови повеќе нема ниту едно дете. Со процесот на деинституционализација за 2 години отворени се 22 групни домови, од кои 20 за деца и 2 за возрасни.

Установите каде што беа сместени деца се испразнети. За секоја од нив има план во што да се пренамени. Домот “25 мај’ во Топанско Поле се планира да биде Центар за обезболување на стари лица со социјален ризик, а новиот дел од Заводот во Демир Капија да прифаќа престој на деца со попреченост на 2-3 недели како одмена на семејната грижа.

Во Заводот во Демир Капија, останаа 189 корисници, возрасни лица, а беа вкупно 214. Таму деца повеќе нема. Најголем број од нив се сместени во згрижувачки семејства. Условите таму се лоши, но објектот се реновира за да има пристојни услови за живот за тие што останаа, до нивното излегување од установата.

„Заклучно со 2107 година имаме забрана за прием на нови корисници, а планот е до 2021 во оваа установа да не живее веќе никој. Со мали групни домови ќе им се пружат подобри услови за живот, никој ен заслужува да живее во ваква гломазна институција“,изјави Алаксандра Велковска в.д. директорка на Специјалниот завод во Демир Капија.

Се планира процесот на деинституционализација да продолжи и покрај стравот кај штитениците од новата средина, од домот кој никогаш го немале.

Бранко не знае што го чека надвор и затоа вели дека е подобро да остане таму каде што пораснал, затворен зад сивите зидови на установата.

„Добро ми е , тука ми е добро, не сакам да излезам да живеам во куќа. Тука сум навикнал тука живеам од мал, имам пријатели, одам во продавница, излегувам до некаде“, вели нашиот соговорник Бранко, штитеник на Заводот во Демир Капија.

Системот за згрижување деца, но и лица со поречености полека се менува. Едно општество може да каже дека е хумано и солидарно само ако покаже соодветна грижа за најранливите, вели Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика.

“Со години оваа држава се обидуваше да направи промена на системот за грижа за деца и лица со специфичности, да нема повеќе институции, но, во овие две години интензивно се чуствуваат резултати во оваа област. Овој процес треба да продолжи со ист интензитет и иста енергија понатаму, затоа што целиот систем треба да се трансформира оваа грижа да стане одржлива со цел децата да го добиваат најдоброто, рече Царовска.

Деинституционализацијата е меѓународна пракса, пред се поради фактот што институциите не се добри ниту за децата, нит за возрасните за развојот на мозокот и за развој на емоциите, нагласи Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ во земјава.

„ Северна Македонија одржува чекор, ако не е и неколку чекори напред со тоа што се ослободува од институциите и воспоставување похуман и научно докажано покоректен и исправен начин за грижа за децата. Можевме да видиме каде овие деца порано живееле и оти тоа не е место на кое треба да се одгледува било кое дете. Искрено ако јас не можам да го одгледувам на такво место моето дете, ниту едно дете не би требало тука да биде одгледувано“, рече Ди Џовани.

Во 2017 година имаше 487 штитеници во 7 институции во државата. До ноември 2019 тој број е преполовен на 274.

Во 2019 година за оваа намена беа предвидени 2 милиона евра од буџетот на државата, за наредната 2, 5 милиони евра. Министерството за труд и социјална политика планира во 2021 година да заврши деинституционализација. Се надеваат дека политичките промени нема да  да го кочат овој процес.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.