Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Репортажа) Венецуела сурово гладува

0
By Нова ТВ on August 27, 2017 ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова е земјата која има најмногу нафта на светот, многу повеќе  од Саудиска Арабија. Но нејзините луѓе јадат ѓубре, а со градовите владеат улични банди. Ова е време на комплетна деструкција. 


Со застрашувачко темпо расте гладот во земјата која што ја води личноста власта која за себе вели дека ги штити инересите на сиромашните и обесправените. Денеска во Венецуела 31 милион граѓани се или сосема гладни или недоволно нахранети бидејќи нема ниту пари ниту храна.

Како што паѓа ноќта во градот Каракас повеќето жители брзаат дома да се заклучат поради големото и застрашувачко насилство на улиците, но и поради тоа што поради сиромаштијата и нема што особено да се прави.

Но  Адирана Веласкез  моора да оди на работа  во несигурната темница бидјеќи гладот ја присилува на тоа, а ова е единствената работа којашто можела да ја најде како 14-годишник во Венецуела.

На нејзината „мадам“ од борделот и била претставена преку пријателка, откако пред  две години нејзината мајка била отпуштена од работа и дома останале без  храна.

„Беше претешко, но ние  легнувавме гладни секој ден“, вели тинејџерката.

Оттогаш  кризата во Венецуела е уште попродлабочена, а бројот на жени кои работат во бордели расте со галопирачко темпо, додека истовремено просечната возраст на жените во овој бизнис опаѓа со исто такво темпо.

„Кога почнав јас бев најмладата. Сега има девојки од 12 и од 13 години. Речиси сите ние таму сме поради кризата, поради гладот.

Таа  заработува 400,000 боливариси месечно (локална валута) или четири пати повеќе од минималната плата. Но, во време на хиперинфлација нејзината плата има само 30 проценти од својата вредност. Таа и нејзината мајка и брат едвај можат да купат храна со оваа плата. Таа е запишана на вечерни часови со термин кој е погоден и се одржуваат баш пред нејзината смена на работа, па се надева дека еден ден ќе може да избега од овој живот и работното место каде што  „се е толку грдо“.

Веласкез израснала во едно од најсиромашните и најнасилните предградија на Каракас, но актуелната криза со храна во Венецуела и растечкиот глад не познаваат ниту географија ниту класи. Бодежите на гладта се чувствуваат низ коридорите на големите бизниси, зад микрофоните на телевизиите и радијата, во болниците каде што неухранетоста веќе одзема животи и во училиштата каде што децата се онесвествуваат од глад, а наставниците бегаат од час за да фатат место во редиците каде што се чека храна.

Повеќе од три четвртини Венецуелци изгубиле тежина во текот на изминатата година, а просечниот пад на килажа по лице се огромни 9 килограми. Причините не се диети и лајфстајл туку недостаток на храна и прескапа храна. Девет од десет домаќинства не можат да ги покријат трошоците за своите оброци. Десет милиони луѓе пропуштаат еден  оброк дневно за да им помогнат на децата.

Нема веќе култура и патувања за средната класа

Дејвид Гонзалес (ова не е неговото вистинско име) има факултетска диплома и кариера. Мислел дека досега ќе има автомобил и куќа во предградието, но ненајавената криза со храна ги уништи овие соништа. Инфлацијата ја направи храната прескапа – толку скапа што малку се оние кои можат да си ја дозволат целосно.

„Тажно е затоа што престанувате да мислите на професионални цели и предизвици, туку единствено сте фокусирани како да се нахраните,” вели 29 годишниот активист и новинар. Како и многу Венецуелци од средната када тој се чувствува засрамен поради оваа ситуација.

„Гледам како луѓето страдаат. Сум гледал порано како луѓето чекаат редици за леб, но не и јас. Не  очекував дека еден ден и јас ќе стојам во тие редици ниту дека ќе поминам макар една ноќ запрашувајќи се што ќе јадам утре“.

Оваа година тој изгубил четвртина од својата тежина  и сега  има 50 килограми. Тој секој ден мора да станува во  пет наутро за да фати ред за храна, храна која не секогаш е таму.

„Како магичен круг од кој нема излез. Прво морате да најдете пари за да ја купите храната, потоа мора да најдете место што продава храна и откако ќе најдете да се потрудите да стигнете порано, пред другите“, раскажува Гонзалес.

Ова лето тој ја голтнал својата гордост и се пријавил за месечна кутија со храна којашто владата ја продава со субвенционирана цена од 1 долар.

Празни полици во супермаркет во Венецуела

Претседателот Николас Мадуро тврди дека проблемите на Венецуела се поради економската војна на САД. Тој вели дека САД и Доналд Трамп притискаат кон промена на режимот во земјата. И петочните санкции кон власта во Венецуела од САД, како и кон државните нафтени компаниии, според Мадуро може да се толкуваат во таа насока.

Поранешниот министер за надворешни работи на Венецуела Делси Родригез вели дека земјата нема криза на храна туку уцени со глад. Таа вели дека во Венецуела не постои глад, туку моќ на волјата.

„Има достоинство и храброст да се брани Венецуела“, вели поранешната министерка која сега е  на чело на друго државно законодавно тело.

Но, критичарите и економистите велат дека кризата е реална, а вината за истата лежи во владините политики. Венецуела порано прозиведувала две тритини од својата храна, а сега процесот е обратен со 70 осто увоз на храна.

На власта во Венецуела и мина незабележано фактот дека нивната економија беше заснована на извоз на суровини. Во замена, се увезуваа брендирани производи од САД и ефтини производи од Кина. Приходите пресушија кога цената на суровините падна, а лошиот курс на валутите ги поскапе увозните производи.

Долги редици за храна пред супермаркетите

Кога цената на суровата нафта почна да паѓа во 2014 година, со што се намалија приходите од нафта, таа ја остави земјата покуса со долари, а владата одлучи да ги фокусира своите приходи за сервисирање на националниот долг, наместо да увезува храна.

„Оваа  власт одлучи дека луѓето треба да јадат помалку за тие да ги  балансираат нивните сметки“, вели Ефраин Веласкез,  претседател на полуформалниот Национален Економски Совет.

Бројот на деца кои страдаат од сериозна неухранетост и биле примени во болница поради тоа пораснал од 30 случаи во 2015 до 110 минатата година. Годинава се очекува подрматичен пораст. Младите родители се соочуваат и со низа споредни проблеми кои се последица  на кризата на храна. На пример, една година е невозможно да се најде вештачко млеко за мајките кои не можат да ги дојат бебињата. Поради ова, во Венецуела има зголемен број на смртност кај новороденчињата.

Ништо повеќе не е исто

„Животот тотално се промени“, вели Рикардо Лопез, адвокат чијшто син до скоро одеше во меѓународно приватно училиште. Лопез повеќе не може да си го дозволи училиштето откако кризата му ја обезвредни платата.

„Се трудам да ручам колку што е можно подоцна, за  навечер да ми биде доволно само една мала  ужинка. Моите колеги некогаш се онесвестуваат од глад и воопшто немаат ручек“, раскажува Лопез.

Како и многу  други  поранешни припадници  на средната класа, кризата му донесе не само глад, туку и комплетно им ги промени животите. Кино, ресторани, членства во теретани и салони за убавина, викедни или качување на околните ридови во радот се нешта кои веќе ги нема во животот на средната класа, како што нема ни храна.

Ресторан-бар „Ла Ескуина“ во богатата област на главниот град Каракас, Чакао. Животот на најбогатите во земјата не е многу променет. Таму рестораните работат и нема глад, туку луксуз. Но, кризата и таму има влијание, па поради влошената безбедност и огромното улично насилство, и богатите не се чувствуваат безбедни, па повеќето од ноќните забави се заменети со бранч забави бидејќи никој не се осмелува да работи до доцна.

Венецуела денес е земја каде што речиси сите гладуваат, освен оние на политичкиот врв, оние кои треба да ги решаваат проблемите на граѓаните. Ова е најголемата економска и политичка криза на Венецуела во последните децении.

Оваа сторија е објавена во британскиот весник „Гардијан“, а НОВАТВ пренесе дел од репортажата. Во Венецуела во моментов постои забрана за медиуми“ и странските новинари не смеат да снимаат и фотографираат, ниту да известуваат од Венецуела. НОВАТВ подолу ви го препорачува документарниот филм во продукција на австралиската ТВ куќа ABC News прикажан во мај годинава. Новинарите успеале да прошверцуваат мала камера и така е направен документарниот филм Venezuela Underocover. 

Венецуела глад Криза на храна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.