Репортери без граници силно го осудуваат судското малтретирање на Фокус, една од последните независни публикации во Македонија.
– Уште еднаш судот во Скопје го осуди Фокус на несразмерно висока парична казна што, се чини, дека има за цел да се затвори последниот независен неделник во Македонија.
– Ако правда мора да биде спроведена, и нормално е дека клевета треба да биде санкционирана со закон, судијата мора да има на ум за што тука станува збор: за правото на јавноста да биде информирана од страна на независни извори на информации, кои се сѐ поретки во земјата.
– Во овој случај, ваквиот баланс не е почитуван и слободата на печатот повторно ќе страда. На земја рангирана на 116 место во последниот индекс на слободата на светскиот печат, не и треба уште една деградација, се вели во реакцијата на Репортери без граници, меѓународна организација фокусирана на заштита на слободата на медиумите за последната пресуда за клевета против новинари на неделникот Фокус по тужба на шефот на ДБК Сашо Мијалков.




