Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Репортери без граници: Северна Македонија напреднала за 14 места

0
By Нова ТВ on April 18, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 18, 2019 12:41

Северна Македонија, според последниот индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници напреднала за 14 места, објавија од Репортери без граници.

Иако во првично објавениот Извештај, стоеше дека земјава е рангирана на истото место како лани, од Организацијата се коригираа и изјавија дека поради „информатичка грешка, сите податоци за 2018 се истите како за 2019та“. Според коректните податоци кој од Репортери без граници ги препратија до МИА, Македонија во 2017-та година била на 111 место, во 2018 на 109 место, а во 2019 на 95-то место.

-Поради информатичка грешка, сите податоци за 2018-та се истите како за 2019-та, изјави за МИА Жули Банс, од Репортери без граници.

Главна забелешка на Репортери без граници оваа година е состојбата во јавниот сервис, МРТВ, каде владата сѐ уште не спровела реформи.

-Иако ситуацијата се стабилизираше во 2018, новата влада сѐ уште не го изменила Законот за јавниот радиодифузер, спротивно на она што го најавуваше во 2017, нагласува организацијата.

-Така што, за сега, програмата на јавниот сервис продолжува да ги служи интересите на поранешната владејачка конзервативна партија, ВМРО-ДПМНЕ, стои во извештајот на Репортери без граници за оваа година.

Иако не се регистрирани напади врз новинарите во текот на минатата година во Македонија и безбедноста на новинарите бележи значителен напредок, Репортери без граници предупредуваат дека културата на неказнивост продолжува да владее во земјата.

Само два од 59 регистрирани напади врз новинари во последните години биле предмет на истрага и добиле завршница.

-Ова не го постигнува потребниот степен за да се обесхрабрат одговорните за нападите, предупредува РСФ.

Во делот на законските регулативи, организацијата за заштита на новинарите забележува дека се потребни измени во делот за клевета и пристапот до државни информации. РСФ нагласува и дека контроверзен амандман, со кој и се дозволува на Државната изборна комисија да го набљудува известувањето на изборите во електронските медиуми, е усвоено без дебата и без консултации.

Конечно, Репортери без граници бараат да се посвети внимание на фактот што “високи владини функционери имаат вкоренета тенденција да им се закануваат и да ги навредуваат новинарите“.

Влошување на слободата на медиумите во Европа

Во извештајот, репортери без граници нотира дека иако Европа останува најбезбеден региони за новинарите, изминатата година бележи загрижувачки трендови по убиствата на тројца новинари во Малта, Чешка и Бугарија.

– Бројот на земјите кои се сметаат за безбедни продолжува да се намалува, додека авторитарните режими ја зајакнуваат својата моќ врз медиумите, ова е општиот заклучок на Индексот за слободата на медиумите на Репортери без граници во светот во 2019 година.

На врвот на списокот на земјите каде слободата и безбедноста на новинарите е загарантирана и натаму се наоѓаат пред сѐ европски земји и земји членки на ЕУ.

Првите пет се Норвешка, Финска, Шведска, Холандија и Данска, додека пак Бугарија се наоѓа на 111-то место, пониско и од земјите од Западниот Балкан како Северна Македонија, Косово и Босна.

Убиството на Викторија Маринова минатата година, корупцијата и блискоста меѓу политичарите, новинарите и олигарсите во Бугарија се само дел од крупните забелешки на Репортери без граници за оваа земја.

– Заканите кон репортерите се зголемија во последните месеци, до тој степен што новинарството стана опасно денеска во Бугарија, пишува РСФ.

Словачка и Малта, каде исто така во изминативе години се убиени новинари, исто така бележат влошување во состојбата со медиумите.

Во земјите од ЕУ, еден од најдраматичните падови е констатиран во Унгарија, со минус четиринаесет места во однос на претходната година.

Сопствеништвото на медиумите под контрола на лица блиски до премиерот Виктор Орбан продолжува сериозно да загрижува.

– Најважните критички медиуми мораа да затворат, а независноста на другите е загрозена од присуството на провладини олигарси во нивните одбори, стои во извештајот.

РСФ го истакнува како проблематично и создавањето на медиумски конзорциум под палката на про-орбанови сили, во кој членуваат околу петстотини приватни медиуми. Овој конзорциум Орбан го нарече „од стратешка национална важност за јавниот интерес“, со што, вели РСФ, владата практично ги спречува медиумите да се натпреваруваат или да му се спротивстават.

Репортери без граници предупредува дека секаде во светот, вклучително и во Европа, се појавува „механизам на страв“, опасен за слободното новинарство. Сѐ почесто новинарите се мета на омраза од страна на самите политичари, што се толкува во пошироката јавност како дозвола тие да бидат нападнати и предизвикува страв во професијата.

Репортери без граници повикуваат итно да се спречи тој механизам на страв, кој води кон сериозно загрозување на демократските модели. Организацијата истакнува дека во „влошена безбедносна околина“, дури и во најсигурните земји, новинарите се чувствуваат загрозено и сѐ почесто имаат потреба од полициска заштита.

Индексот за слободата на медиумите го објавува РСФ секоја година од 2002 и ја мери состојбата во 180 земји во светот врз основа на прашалници пополнети од експерти и квалитативни анализи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.