Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Република Северна Македонија – Претседателски избори 2024

0
By Marija Todorovska on April 1, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 1, 2024 09:15

Во блиц формат НОВА ги претставува кандидатите за претседател на Република Северна Македонија на изборите 2024.

На листата пријавени и утврдени кандидатки и кандидати во Државната изборна комисија, а според редоследот со жрепка извлечен во ДИК, во седум последователни дневни продолжувања НОВА ги презентира: 

  1. Стево Пендаровски;
  2. Гордана Силјановска Давкова;
  3. Стевчо Јакимовски;
  4. Бујар Османи;
  5.  Билјана Ванковска Цветковска;
  6. Арбен Таравари;
  7. Максим Димитриевски.

Република Северна Македонија – Претседателски избори 2024

3.Стевчо Јакимовски:

Бизнисмен и политичар, политичар и бизнисмен. Претседател на партијата Граѓанска опција за Македонија ГРОМ, актуелен градоначалник на општина Карпош. Стевчо Јакимовски во својата кариера менуваше партии и функции, го следеа неколку кривични пријави но без судски епилог, според него, сето како резултат на политички реваншизам, но неодамна САД, поради вмешаност во корупција како што стои во образложението, го ставија на нивната црната листа што повлекува дека во таа земја е непожелна личност.

Во 2017 година, на митинг во предизборна кампања,  Јакимовски, во својот говор користи навредливи и деградирачки зборови со цел да го „нападне“ против-кандидатот, наведувајќи дека за него се зборувало дека е хомосексуалец. Ваквиот говор на кандидатот за градоначалник претставува кривично дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ согласно член 319 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Јакимовски во неговата актуелна реторика игра на картата на „трета опција“ која ќе ги застапува правата на граѓаните, но не нуди прецизна политичка програма за реализација на неговата визија. Често кокетира со патриотски ставови, како оние против промена на името и Уставот но отворено не е застапник за НАТО и не се согласува со т.н. француска рамка со која на земјава и се отвора ЕУ интегративниот пат.

ОБРАЗОВАНИЕ

Стевчо Јакимовски е роден на 27 август 1960 година во с. Подржи Коњ, Кривопаланечко. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1987 година. По дипломирањето волонтирал како новинар во спортската и во информативно-политичката редакција на втората програма на Радио Скопје. Јакимовски е и поранешен репрезентативец на Македонија во карате и петкратен републички првак.

ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ

 Во во политикатае од 1988 година.Најпрво како стручно-политички работник во Претседателството на младината на Југославија. Оттогаш, тој бил на повеќе раководни функции, меѓу кои: министер за економија и министер за труд и социјална политика. Во текот на својата политичка кариера, Јакимовски променил неколку политички партии.Најпрвин бил член на Либерално-демократската партија, потоа преминал во СДСМ, за подоцна да ја формира партијата ГРОМ.

Функцијата градоначалник на Oпштина Карпош, Стевчо Јакимовски ја вршел и во периодот од 2000 до 2003 година, а потоа во 2009 година, повторно e избран за градоначалник на општината. 

Првиот мандат како градоначалник Јакимовски го добил како кандидат на Либерално-демократската партија, втората градоначалничка функција ја освоил како кандидат на СДСМ, додека третиот пат настапил како независен кандидат и како претседател на политичка партија.

Во 2013 година, Јакимовски ја формира политичка партија Граѓанска опција за Македонија ГРОМ), со која првпат настапил на претседателските избори во 2014 година, како и на предвремените парламентарни избори во 2016 година.

На локалните избори во 2017 година, Јакимовски повторно се кандидирал за градоначалник, како кандидат на ГРОМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.