Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Република Северна Македонија – Претседателски избори 2024

0
By Marija Todorovska on April 4, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во блиц формат НОВА ги претставува кандидатите за претседател на Република Северна Македонија на изборите 2024.

На листата пријавени и утврдени кандидатки и кандидати во Државната изборна комисија, а според редоследот со жрепка извлечен во ДИК, во седум последователни дневни продолжувања НОВА ги презентира: 

  1. Стево Пендаровски;
  2. Гордана Силјановска Давкова;
  3. Стевчо Јакимовски;
  4. Бујар Османи;
  5.  Билјана Ванковска Цветковска;
  6. Арбен Таравари;
  7. Максим Димитриевски. 

Република Северна Македонија – Претседателски избори 2024

6.Арбен Таравари: 

Бескомпромисен за европскиот пат на државата, ги поддржува уставните измени за чекори кон ЕУ, иницијатор за промена на уставот и во делот на процентите на делови од народите кои во уставот се побројни од 20% од вкупното население, пациентите велат дека е добар доктор.

Актуелниот гостиварскиот градоначалник, докторот невролог Арбен Таравари, политички опонент на колегата лекар Османи, е претседателски кандидат од неговата партија Алијанса за Албанците, односно на коалицијата „Вреди“ зашто во меѓувреме неговата Алијанса се подели на два дела  во тек е правна разврска за наследникот на континуитетот на неговата Алијанса за Албанците. За претседателски кандидат на Република Северна Македонија Таравари доби поддршка од албанскиот опозициски блок (Демократски Сојуз, БЕСА и Алтернатива). На вонредниот конгрес во Скопје беше одобрена неговата кандидатура со што влезе во претседателската трка за шеф на државата.

Иако се конкуренти во овој политички натпревар, со Османи односно со ДУИ се на истата страна кога е во прашање, враќањето на изборот за претседател во Собранието. Таравари наоѓа поткрепа во принципите на Охридскиот рамковен договор за консензуална демократија. Бара отварање на Уставот за три теми: внесување на Бугарите во Преамбулата како услов од ЕУ рамката за почеток на преговорите со ЕУ, впишување на албанскит јазик наместо јазик што го говорат 20% и гаранција за една од трите врвни функции во државата по автоматизам да им припадне на Албанците.

Според него европскиот пат нема алтернатива, како што предизборно изјавува неговите три приоритети се „ЕУ; ЕУ, ЕУ“. 

ОБРАЗОВАНИЕ

Арбен Таравари е роден е на 9. април 1973 година во Гостивар. Во 1998 година дипломира на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, во Скопје, а во 2006. година заврши специјализација за неврологија на Универзитетската клиника за неврологија. Втората специјализација за семејна медицина на Медицинскиот факултет при УКИМ ја заврши во 2011 –та година.

Во истата 2011-та година ја одбрани и докторската дисертација во областа на Паркинсонова болест, а од 2010 година е редовен предавач на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ

За време на неговото работно искуство, д-р. Арбен Таравари бил претседател на одборот на Одделот за екстрапирамидални болести – Универзитетска клиника за неврологија;

Раководител на одделението за мигрена, главоболки и други синдроми, Универзитетска клиника за неврологија;

Претседател e на одборот, Клиника за неврологија, Универзитетска клиника за неврологија, како и член на одборот на медицинското списание “Меdiicus” и “Vox Medici”.

Беше министер за здравство во Владата во 2017 година, по што, на локалните избори по втор пат стана градоначалник на Општина Гостивар.

 Арбен Таравари Тој е оженет со Нора Таравари и е татко на две деца и често во јавноста ја афирмира неговата лојалност кон сопругата и семејството. 

 

Арбен Таравари Избори 2024 претседателски избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.