НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Републиканците не попуштаат-и натаму бараат либерални закони за оружје

1
By Нова ТВ on October 3, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Масакрот во Лас Вегас во неделата вечер, се очекува одново да ја отвори дебатата во Конгресот за контролата на оружјето. Но, неодамнешните напори во Претставничкиот дом предводени од републиканците се фокусираа на олабавување на законите за поседување огнено оружје, а не на нивна поголема ригорозност.

Насилството од масовни размери, вклучувајќи го и масакрот минатата година во ноќниот клуб во Орландо и пукањето во јуни за време на бејзбол тренинг во Северна Вирџинија, многу малку придонесоа да се промени нешто во големата партиска поделба по ова прашање.

Повеќето демократи тврдат дека инцидентите ја зголемуваат потребата за построги закони за поседување оружје пиштол, додека повеќето републиканци сметаат дека Американците треба да имаат поголема можност за да се заштитат себеси.

Минатиот месец, Комитетот на Претставничкиот дом донесе закон (за наследство и рекреација), што ќе им олесни на купувачите да купат придушувачи за огнено оружје – кои од федералните власти се третираат слично како и автоматското оружје и експлозивите. Заговарачите на оваа мерка, вклучувајќи ја и Националната асоцијација за оружје, ова го сметаат како придонес кон поголема безбедност.

-Предлог-законот го третира занемарениот факт за намалување на оштетувањето на слухот за спортисти и бучава при стрелање во близина на населени места, се вели во образложението од Комитетот за природни ресурси, кој минатиот месец го усвои нацрт-законот, за кој допрва ќе се гласа.

Законот, исто така, содржи одредби со кои ќе се олеснат ограничувањата за транспорт на огнено оружје низ државите и ќе се спречи одредени видови на муниција да бидат означени како “опасни и за блиндирани возила” и со тоа да бидат предмет на строг федерален надзор.

Противниците на мерката велат дека одредбите за придушувачи, посебно би можеле да го отежнат идентификувањето на оној кој што пукал за време на инцидентот, како во случајот во Лас Вегас.

-Дали на ловџиите им се потребни такви опасни куршуми? Дали им се потребни придушувачи? Лидерот на малцинството во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, демократка од Калифонија минатиот месец изјави: “Доколку можеш да слушнеш, можеш да одиш кон местото каде што се случува трагедијата“.

Другите закони кои беа претставени во Конгресот предлагаат понатамошно олабавување на федералните закони, вклучувајќи ги и мерките со кои ќе се овластува издавање дозвола за носење оружје во една држава што ќе важи во сите други држави. Но, овие закони не поминаа така брзо, како оној за придушувачите.

Републиканците кои реагираа на насилството во Лас Вегас вчера не повикаа на никаков законски одговор на масакрот. Безбедносните агенции не објавија детали за видовите на оружје што биле користени или дали биле законски набавени.

Видео снимките од масакрот во Лас Вегас укажуваат на употреба на арсенал од целосно автоматско оружје. Таквото огнено оружје е строго регулирано од страна на федералното Биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви и за тоа има посебна дозвола за поседување. Оружјето од тој тип произведено по 1986 генерално не може да биде во приватна сопственост.

https://www.youtube.com/watch?v=B7ixInjs0C4

Претставникот на мнозинството во Претставничкиот дом, Стив Скализе (републиканец од Лос Анџелес) кој беше сериозно повреден во нападот на тренингот на бејзбол во јуни, го нарече нападот во Лас Вегас “чин на чисто злосторство” и им се заблагодари на оние што веднаш реагираа и им помогнаа на жртви.

-Во овој трагичен момент, ги охрабрувам луѓето низ Америка да покажат солидарност и да ја поддржат заедницата во Лас Вегас и сите што се засегнати, со давање крв и поттикнување на другите да го сторат истото, изјави тој. „Соочени со вакво невидено зло, целиот наш народ мора да одговори со безброј дела на добрина, топлина и великодушност”, рече Скализе.

Спикерот на Претставничкиот дом, Пол Д. Рајан (републиканец од Висконсин), рече дека трагедијата “ги заплашува сите” и дека “целата земја е обединета во шок, сочувство и во молитвите”.

Но, Демократите се подготвени брзо да го надминат ваквото изразување на сочувство и да тргнат во акција за законско решение.

Поранешната конгресменка Габриел Гифорд од Аризона, која имаше сериозна повреда на главата откако беше застрелана на настан во Тусон во 2011 година, во изјава вчера рече дека конгресмените мора да стават крај на ваквите акти на насилство.

-Се молам тие да најдат храброст да преземат нешто и да се справат со предизвикот на оруженото насилство. Знам дека влегоа во политиката од истата причина како и јас – да направам промени, да ги завршам работите. Сега е време да преземеме позитивна акција за да ја одржиме Америка побезбедна. Не чекајте, нацијата се потпира врз вас, им порача таа на колегите конгресмени.

Кели, кој ја предводи организацијата што се залага за контрола на оружјето „Американци за одговорни решенија“, заедно со Гифорд, го нарече инцидентот “домашен тероризам”.

Тој ги критикуваше најавените закони на републиканците за оружје и рече дека треба да се направи повеќе за поголеми контроли, да се заостри можноста за пристап до најсмртоносните огнени оружја и да се спречи насилниците да можат да купуваат оружје.

-Замислете колку ќе беше полошо, доколку напаѓачот од Лас Вегас имаше придушувач, рече Кели.

-Ние можеме да ја прифатиме оваа сурова реалност, ние можеме да ги прифатиме раните, додаде тој. “Или можеме да избереме храброст. Можеме да донесеме одлука дека овој проблем е достоен да вложиме уште поголеми напори”.

Сенаторот Крис Марфи (демократ од Конектикат), кој бараше построги закони за оружје по убиството во 2013 година во Њутаун, Конектикат, кога загинаа 20 деца и пет возрасни во училиштето “Сенди Хук”, изрази незадоволство што неговите колеги се плашат да преземат мерки контра индустријата за оружје.

Неговиот предлог закон за проширување на федералните проверки, поднесен пет месеци по убиството во Сенди Хук не помина во Сенатот.

-Бесрамно е што моите колеги во Конгресот толку се плашат од индустријата за оружје, што се преправаат дека не постои одговор во политиката за оваа епидемија. Има.  А молитвите на политичарите се сурово празни ако се пропратени со континуирана правна рамнодушност. Време е Конгресот да направи нешто, рече Марфи.

Крис Браун и Евери Гардинер, копретседатели на Центарот Брејди за спречување на оруженото насилство, во едно интервју изјавија дека Конгресот повторно треба да се обиде да ги затвори дупките во националниот закон за проверка напрофилот на оној кој добива дозвола за оружје. Таквите проверки можат да бидат избегнати, на пример, доколку оружјето е купено преку интернет, приватно или на саем на оружје.

Федералниот закон, исто така, дозволува продажба на оружје доколку проверката на купувачот не заврши за три дена. Таков пропуст имаше во случајот со Дилан Руф кој купил  пиштол со кој го изврши масакрот во црквата во Чарлстон, во 2016 година. Резултатот, велат тие, е што една од пет продадени пушки пушки во земјата е токму на ваков начин.

-Мислам дека е грешка кога луѓето се фокусираат на разликата помеѓу полуавтоматско оружје и целосно автоматско оружје, вели Гардинер.”Тие сите се оружја за масовно уништување. Она што ни треба сега е федерален систем, бидејќи во моментов имаме легислатива полна со дупки, што насилниците ја користат, вели тој.

Извор: Вашингтон Пост

закони за поседување оружје Конгрес Лас Вегас САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.